| Достапност во продавниците | |
|---|---|
| Книжарница ТРИ Веро Центар | Достапно |
| Книжарница ТРИ ГТЦ | Достапно |
| Книжарница ТРИ Дебар Маало | Достапно |
„АПСОЛУТНО УЖИВАЊЕ – ШАРМАНТНА И СЕКСИ ПРИКАЗНА ШТО СЕ ВРТИ ОКОЛУ ГЛАВНАТА ХЕРОИЊА ЗА КОЈА ОБОЖАВАТЕ ДА НАВИВАТЕ“
Стела Лејн верува дека математиката е почеток и крај на сѐ, она што го обединува целиот универзум. Но оваа брилијантна статистичарка која знае сѐ за алгоритмите, не знае ништо за романтиката. Toa и не е неочекувано, бидејќи има Аспергеров синдром и секој ден се обидува да ги совлада пречките што тој ѝ ги наметнува. А кога луѓето ќе дознаат за тоа, веднаш го менуваат мислењето за неа.
Но Стела е храбра жена која не се плаши да ризикува за да го добие она што го сака. Tаа одлучува да ангажира професионалец што ќе ја научи сѐ што може да се научи за сексот и врските.
Хелен Хоанг (1982, Минесота) е срамежлива личност која никогаш не зборува. Сѐ додека не почне да зборува. А тогаш од нејзината уста почнуваат да излегуваат смели работи. Првиот љубовен роман го прочитала во осмо одделение и оттогаш е зависна од нив. Во 2016 година ѝ било дијагностицирано нарушување на аутистичниот спектар, тоа што претходно било познато како Аспергеров синдром. Нејзиното патешествие било инспирација за Коефициент на љубовта. Во моментов живее во Сан Диего, Калифорнија со својот сопруг, двете деца и рибата-милениче.
Види повеќеВеб страницата користи колачиња за да ви овозможиме најдобро можно корисничко искуство. Со продолжување на користењето на нашата интернет страница ја прифаќате употребата на колачиња (cookies).
Се согласувам