Харуки Мураками, еден од најпознатите современи јапонски писатели, е роден во Кјото (Јапонија) во 1949 година. Мураками е култна фигура на современата литература, особено значаен за постмодернизмот и магичниот реализам на новото време. Добитник е на повеќе престижни книжевни награди, меѓу кои се и наградата „Франц Кафка“, најзначајната меѓународна награда за овој жанр – наградата за кратка проза „Френк О’Конор“, наградата „Ерусалим“ за слободата на поединецот во општеството, најголемото признание што во Израел им се доделува на странски автори, и наградата „Ханс Кристијан Андерсен“.
Досега ги објавил романите: Флипер (1973), Слушај ја песната на ветрот (1979), Авантура околу овцата (1982), Сварена земја на чудата и пропаста на светот (1985), Норвешка шума (1987), Играј, играј, играј (1988), Јужно од границата, западно од сонцето (1992), Хроника на птицата што го навива часовникот (1994), Спутник љубов (1999), Кафка на брегот (2002), Длабоко во ноќта (2007), 1Q84 (2009), Убиството на командантот (2017); книгите со раскази: Повторен напад на пекарницата (1993), По потресот (2000), Прво лице еднина (2021), документарната книга Метро (1997/98) и во областа на нефикцијата, во 2007 ги пишува своите мемоари за трчањето – За што зборувам кога зборувам во трчањето (2007).
На јапонски ги преведувал Фицџералд, Карвер, Ирвинг, Селинџер и други американски писатели, а неговите ракописи се преведени на над педесет јазици. По повеќегодишни периоди поминати во Америка и Европа, сега живее во Јапонија, а работи како професор-гостин на Универзитетот Принстон, Тафтс и Харвард.
Веб страницата користи колачиња за да ви овозможиме најдобро можно корисничко искуство. Со продолжување на користењето на нашата интернет страница ја прифаќате употребата на колачиња (cookies).
Се согласувам