×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




Писател по вокација

Писател по вокација

Харуки Мураками


Издавач: ТРИ
Повез: Мек повез
Јазик: Македонски
Број на страни: 178
Година на издавање: 2024
Димензија: 12.5 x 19.5 cm
Автор: Харуки Мураками
ISBN: 9786082810133
Жанр: Биографии и мемоари
Провери достапност во продавниците
Достапност во продавниците
Книжарница ТРИ Подвижна Нема на залиха
Книжарница ТРИ Веро Центар Достапно
Книжарница ТРИ ГТЦ Достапно
Книжарница ТРИ Ист Гејт Достапно
Книжарница ТРИ Дебар Маало Достапно
400 ден.

Додека писателот го создава романот, и романот го создава него.

Дали добриот романсиер може да биде и добар есеист? Давајќи ни широк критички поглед кон дарбата и упорноста за пишување, кон издаваштвото и читањето, Мураками докажува дека може!

Оваа книга е длабоко искрен личен поглед кон занаетот на пишувањето на еден од најголемите писатели на нашето време. Читателите на мистериозниот романсиер ќе бидат восхитени од овој привилегиран пристап до работилницата во умот на Мураками, од кој се обликуваат неговите надреални светови.

Мураками го отелотворува прототипот на осамен и резервиран писател кому никогаш не му е пријатно да зборува за себе. Но сепак, одлучи да ја прекине својата тишина за да го сподели со читателите своето искуство како писaтел и читател. Навраќајќи се на Кафка, Достоевски и Хемингвеј, размислува за книжевноста и имагинацијата, за книжевните награди и за контроверзната улога на писателот во денешниот свет.

Полн со свежина, лични чувства и искуства, Мураками ја крева завесата зад која гори огнот што ги инспирира творците и ни нуди свои одговори за тоа што значи да се биде раскажувач, каква е улогата на романот во нашето општество, од која точка животот станува роман, а романот живот.

„Не ми пречи да бидам само Харуки Мураками. А штом не ми пречи, зошто се крева толку голема прашина?“

 

 

Харуки Мураками

Харуки Мураками

 Харуки Мураками, еден од најпознатите современи јапонски писатели, е роден во Кјото (Јапонија) во 1949 година. Мураками е култна фигура на современата литература, особено значаен за постмодернизмот и магичниот реализам на новото време. Добитник е на повеќе престижни книжевни награди, меѓу кои се и наградата „Франц Кафка“, најзначајната меѓународна награда за овој жанр – наградата за кратка проза „Френк ОКонор“, наградата „Ерусалим“ за слободата на поединецот во општеството, најголемото признание што во Израел им се доделува на странски автори, и наградата „Ханс Кристијан Андерсен“.

Досега ги објавил романите: Флипер (1973), Слушај ја песната на ветрот (1979), Авантура околу овцата (1982), Сварена земја на чудата и пропаста на светот (1985), Норвешка шума (1987), Играј, играј, играј (1988), Јужно од границата, западно од сонцето (1992), Хроника на птицата што го навива часовникот (1994), Спутник љубов (1999), Кафка на брегот (2002), Длабоко во ноќта (2007), 1Q84 (2009), Убиството на командантот (2017); книгите со раскази: Повторен напад на пекарницата (1993), По потресот (2000), Прво лице еднина (2021), документарната книга Метро (1997/98) и во областа на нефикцијата, во 2007 ги пишува своите мемоари за трчањето – За што зборувам кога зборувам во трчањето (2007).

На јапонски ги преведувал Фицџералд, Карвер, Ирвинг, Селинџер и други американски писатели, а неговите ракописи се преведени на над педесет јазици. По повеќегодишни периоди поминати во Америка и Европа, сега живее во Јапонија, а работи како професор-гостин на Универзитетот Принстон, Тафтс и Харвард.   

Види повеќе