×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.





Нина Ангеловска Станков


Нина Ангеловска Станков (1988, Скопје) е доктор на науки по менаџмент, претприемачка, бизнис-лидерка и поранешна министерка за финансии – првата жена што ја извршувала оваа функција во Македонија.

Таа е коосновач на Grouper.mk, првата платформа за групни попусти и една од водечките компании за е-трговија во земјата, основана во 2011 година, која одигра значајна улога во развојот на дигиталната трговија на македонскиот пазар. По речиси една деценија раст и развој на компанијата, реализираше успешен егзит преку нејзината продажба на групацијата Asseco SEE (Payten).

Во 2017 година ја основа Асоцијацијата за е-трговија на РС Македонија, со цел да се поттикне развојот на е-трговијата и соработката во секторот. Подоцна ја основа и Алијансата за родова еднаквост на работното место (GEA), преку која активно се залага за поголема застапеност и еднакви можности на жените во бизнисот.

Нејзината работа е препознаена и на меѓународно ниво – во 2018 година беше избрана на листата 30 под 30 на Форбс (Forbes 30 Under 30), во 2019 година беше именувана за една од седумте глобални амбасадорки на Е-трговија за жени на Конференцијата за трговија и развој на Обединетите нации (УНКТАД), а во 2023 година Блумеринг Адрија ја вклучи во листата Топ 50 (Top 50 People).

Нина Ангеловска Станков е говорник на теми поврзани со претприемништво, дигитална економија, е-трговија и лидерство.

Ова е нејзина прва книга. Во неа ја раскажува приказната за патот кој ја научи дека многу нешта во животот зависат од перспективата – и дека пречките понекогаш се само можности што чекаат да бидат препознаени.