×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.





Вуди Ален


Хејвуд “Вуди“ Ален (роден како Ален Стјуарт Кенигсберг, на 30 ноември 1935 ) е американски глумец, писател, режисер, комичар и драматург, чија кариера трае повеќе од 50 години. Тој работел како пишувач на комедии во 1950-те, пишувајќи смешки и сценарија а исто така објавил и неколку кратки хумористични книги. Во раните 1960-ти, Ален започнал да настапува како стенд-ап комичар, нагласувајќи монолози наместо традиционални шеги. Во 2004, Comedy Central го рангирал Ален на четвртото место на списокот на најдобрите 100 комичари, додека пак една анкета во Обединетото Кралство го рангирала Ален како трет најдобар комичар.

До средината на 1960-те, Ален пишувал и режирал главно комедии на фарси, пред да се премести на драмски материјал под влијание на европската уметничка кинематографија во 1970те, за во денешно време наизменично да работи на комедии и драми. Тој е често идентификуван како дел од новиот холивудски бран на режисери од срединта на 1960-те до крајот на 1970-те. Ален често глуми во своите филмови, типично како личност која ја изградил во стенд-ап настапите. Најпознати од неговите преку 40 филмови се Ени Хол (1977), Менхетен (1979), Хана и нејзините сестри (1986), и Полноќ во Париз (2011). Филмскиот критичар Роџер Иберт го опишал Ален како „богатство на кинематографијата“.

Ален бил номиниран 24 пати и освоил четири Оскари: три за најдобро оригинално сценарио и еден за најдобар режисер (за филмот Ени Хол). Тој дури 16 пати бил номиниран за Оскар во категоријата за најдобро сценарио, и освоил девет БАФТА награди. Ален постојано свири кларинет на мали места во Менхетен.