Достапност во продавниците | |
---|---|
Книжарница ТРИ Подвижна | Нема на залиха |
Книжарница ТРИ Ист Гејт | Достапно |
Книжарница ТРИ ГТЦ | Достапно |
Книжарница ТРИ Дебар Маало | Достапно |
Книжарница ТРИ Веро Центар | Достапно |
Ако некоја семејна хроника е историја на тишината потребно е да помине време за да одекне грмотевицата на вистината.
Дали најголемиот криминалец во поновата историја го убиле припадниците на колумбиската полиција или на американската тајна служба, ривалите од непријателскиот кокаински клан или, сепак, постоела уште некоја можност?
Оваа и другите тајни, кои се сочувани и покрај многубројните играни и документарни филмови и серии инспирирани од кокаинскиот мегабос, се расветлени дури кога авторот на оваа книга, Хуан Пабло Ескобар, се решил докрај да проговори за својот татко. Дури сега се обелоденува вистината за учеството на некои од најблиските роднини во смртта на неумоливиот гангстер и веродостојно се зборува за тоа каков бил тој приватно, а каков како политичар.
Оваа биографија, која фактите ги црпи од самиот извор, открива со што Ескобар влијаел врз многу мафијаши од други земји, па и од Балканот, и како е создаден култот на неговата личност кај многумина Колумбијци кои и ден-денес масовно го посетуваат неговиот гроб. Контроверзниот живот на Пабло Ескобар и тешкото наследство, кое авторот Хуан Пабло сѐ уште го носи, создаваат возбудливо четиво кое за многу кратко време стана планетарен бестселер
Веб страницата користи колачиња за да ви овозможиме најдобро можно корисничко искуство. Со продолжување на користењето на нашата интернет страница ја прифаќате употребата на колачиња (cookies).
Се согласувам