| Достапност во продавниците | |
|---|---|
| Книжарница ТРИ Веро Центар | Достапно |
| Книжарница ТРИ ГТЦ | Достапно |
| Книжарница ТРИ Дебар Маало | Достапно |
Убаво би било оваа книга да ја прочитаат сите коишто трчаат – по спортските патеки и во животот
Во 2008 година Кокан Ајановски за првпат го истрча полумаратонот во Скопје. По точно 16 години, тој е еден од најпознатите домашни маратонци кој секојдневно ги инспирира луѓето кон промени.
На што може да нè научи трчањето? Секој чекор кон целта е исполнување на формулата за среќен живот. Една од најчестите метафори што ги слушаме за животот е токму таа – дека животот е трка во која се натпреваруваме со себеси. Кокан веќе победи во многу трки – во својата животна приказна и во онаа на обележаните патеки.
Тој нè учи колку е значајно да не се откажуваме. Дури и кога температурите се ниски или високи, дури и кога се чини дека сè оди наопаку, дури и кога светот ни се урива над глава. Ако го одржуваш темпото, секогаш ќе бидеш поблизу до целта.
Сите ние можеме да го направиме тоа. Сите можеме вистински да трчаме кон подобро и порадосно утре!
Кокан Ајановски (1982) е основач, инструктор и промотор во Школата за трчање Nike (NRC – Nike + Run Club Skopje), маратонец, повеќе од 20 пати државен првак на Македонија во повеќе атлетски дисциплини (полумаратон, 10 000 м, 5 000 м, планинско и крос-кантри трчање). Има повеќе од 30 настапи за атлетската репрезентација на Македонија. Најзначајни интернационални успеси има остварено на балканските првенства (бронзен медал поединечно во маратон и бронзен медал екипно во крос-кантри натпреварување), а има учествувано и на многу меѓународни натпреварувања (европски олимписки игри, светско првенство во полумаратон, европски првенства во крос-кантри, светски и европски првенства во планинско трчање).
Последните десетина години активно го промовира рекреативното и професионалното трчање во Скопје и Македонија преку својата школа за трчање. Таа денес има над 200 членови на кои им овозможува бесплатни групни тренинзи и многу други активности (патувања, едукации, дружења, забави). Во неа се добредојдени сите љубители на рекреативното трчање.
Веб страницата користи колачиња за да ви овозможиме најдобро можно корисничко искуство. Со продолжување на користењето на нашата интернет страница ја прифаќате употребата на колачиња (cookies).
Се согласувам