Доли Олдертон е современа британска авторка, новинарка и сценаристка. Колумнистка е на списанието „Сандеј тајмс стајл“, а пишувала и за „ГК“, „Ред“, „Мери Клер“ и „Грација“. Домаќинка е на актуелниот поткаст за култура „Хај лав“, заедно со новинарката Пандора Сајкс.
Родена е на 31.8.1988 година, во Лондон. Дипломирала на Универзитетот во Ексетер, а магистрирала новинарство на Лондонскиот универзитет. Во 2018 година ја издава мемоарската книга „Сè што знам за љубовта“ („Everything I Know About Love“), опишана од „Би-би-си њуз“ како „искрен и длабоко личен приказ на пријателствата, односите и растењето како милениумец“. Книгата беше меѓу првите пет бестселери на „Сандеј тајмс“ веднаш по објавувањето и ја освои Националната книжевна награда за автобиографија на годината. Во 2020 г. Олдертон направи телевизиска адаптација, што беше продуцирана за „Би-би-си“.
Во 2020 година го објави својот прв роман „Духови“ (Ghosts“), за 32-годишна авторка што пишува за храна, која се среќава со човек преку една од апликациите за запознавање, додека татко ѝ почнува да ги покажува првите знаци на деменција. Истата година, Олдертон ги продава правата за филмување на „Духови“. Во 2022 година ја објавува книгата „Драга Доли“ („Dear Dolly“), збирка од нејзините колумни објавувани во „Сандеј тајмс“ и нов личен есеј. Во 2023 година го објавува вториот роман, романтичната комедија „Добар материјал“ („Good Material“), кој влегува во најтесниот избор за наградата „Болингер Евермен Водхаус“. Во 2024 година напиша сценарио за „Гордост и предасуда“ за „Нетфликс“.
Олдертон беше вклучена во списокот „Форбс 30 под 30“ во 2018 г. Во 2022 година доби почесен докторат од Универзитетот во Ексетер.
Веб страницата користи колачиња за да ви овозможиме најдобро можно корисничко искуство. Со продолжување на користењето на нашата интернет страница ја прифаќате употребата на колачиња (cookies).
Се согласувам