| Достапност во продавниците | |
|---|---|
| Книжарница ТРИ Подвижна | Достапно |
| Книжарница ТРИ Веро Центар | Достапно |
| Книжарница ТРИ ГТЦ | Достапно |
| Книжарница ТРИ Дебар Маало | Достапно |
Незаборавни мемоари за едно девојче кое, откако ќе се осмели да замине од семејството, завршува докторски студии на Кембриџ.
Родена во затворено, строго мормонско семејство од планините во Ајдахо, Тара Вестовер за првпат стапнала во училница на седумнаесетгодишна возраст. Нејзиното семејство било толку изолирано од општеството што не постоел начин властите да се погрижат децата да добијат образование или пак да се вмешаат кога еден од браќата станал насилен.
Откако другиот брат на Тара се запишал на факултет, и таа решила да започне нов живот. Потрагата по знаење постепно ја преобразила, ја поттикнала да го прошета светот, да се запише на Харвард и Кембриџ. Дури тогаш се запрашала да не отпатувала предалеку, дали постои начин да се врати дома.
„Прекрасна и поттикнувачка книга... И покрај необичното детство, прашањата што ги поставува овој роман се универзални: Колкав дел од нас треба да им дадеме на оние што ги сакаме? И до кој степен треба да ги изневериме за да пораснеме?“ – Вог
Тара Вестовер е родена во малото место Клифтон, Ајдахо, во 1986 година, во мормонско семејство кое не верува во државното образование. Како и нејзините браќа и сестри, и таа самата се школува, во домашни услови. Во 2008 година дипломира на Универзитетот „Бригам Јанг“, по што добива стипендија од Гејтс Кембриџ. Во 2009 година завршува магистерски студии по филозофија на Тринити колеџ, Кембриџ, а во 2010 г. ја назначуваат за асистент на Харвард. Повторно се враќа во Кембриџ и во 2014 година завршува докторски студии по историја. Образована (2018) е нејзината прва книга, која стана бестселер на Њујорк тајмс и беше рангирана како една од десетте најдобри книги во 2018 година. Списанието Тајм ја избра Вестовер за една од 100-те највлијателни луѓе во 2019 година.
Образована беше прогласена за книга на годината од Здружението на американските продавачи на книги, ја доби наградата Оди за најдобра мемоарска книга, наградата Алекс од Здружението на американски библиотекари, беше прогласена за мемоарска книга на годината на Епл, за книга на годината од Хадсон груп. Исто така, беше избрана за книга на годината и од страна на Вашингтон пост, списанието Опра, Тајм, Гуд морнинг Америка, Гардијан, Сан Франциско кроникл, Економист, Фајненшл тајмс, Њујорк пост, Паблишерс викли и други. Се најде на списокот на омилени книги за 2018 година на Барак Обама и Бил Гејтс.
Види повеќеВеб страницата користи колачиња за да ви овозможиме најдобро можно корисничко искуство. Со продолжување на користењето на нашата интернет страница ја прифаќате употребата на колачиња (cookies).
Се согласувам