×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.





Ирена Јурчева


Ирена Јурчева е родена во 1982 година, во Белград. Дипломирала на Филолошкиот факултет во Скопје, на Катедрата за преведување и толкување. Во 2017 година ја одбранила својата магистерска теза на тема Културолошко преведување на Силмарилион од Џ. Р. Р. Толкин како предизвик за преведувачот. Досега има објавено две поетски книги – Таинства (2017, Метаноја) и Огнот наш нестишен (2022, Современост) и две збирки раскази – Разнишан свет (2021, Темплум) и Белата е најстрашната боја (2019, Темплум) за која ја добила наградата за најдобар дебитантски прозен ракопис Новите!

Нејзиниот превод на Силмарилион од Џ. Р. Р. Толкин (2024, ТРИ) влезе во најтесниот избор за наградата Драги за најдобар превод во 2024 година.

Нејзина поезија и проза се објавени во повеќе книжевни списанија. Организирала работилници за креативно пишување. Работела како наставник по англиски и француски јазик во повеќе училишта и јазични центри во Скопје. Превела повеќе од петнаесет книги за неколку издавачки куќи во Македонија. Активно преведува литература од англиски јазик.