| Достапност во продавниците | |
|---|---|
| Книжарница ТРИ ГТЦ | Достапно |
| Книжарница ТРИ Дебар Маало | Достапно |
| Книжарница ТРИ Веро Центар | Достапно |
Заштедувате 70 ден.
Некои нешта се носат во тишина, како семе во земја.
Луѓето се плашат од она што не можат да го разберат, што им е туѓо и несфатливо, и затоа сакаат сѐ да сместат во некаква рамка. А рамките се затвори направени од страв – од непознатото во светот и од темното во себе.
Во една таква темна тишина се раѓа Моќта – немерлива и неспознатлива, невидлива а жива, како здив што навлегува низ ткивото на сè што постои. Учејќи се да живее во новата реалност, раскинуван од личната загуба и од тајната што мора да ја крие, младичот со необичната моќ се движи по тенката линија меѓу сенката и светлината, меѓу престапот и желбата да помогне. Ги чита луѓето како отворени книги, но секое читање му ја брише по малку сопствената приказна.
Збунет од непознатата сила што се вгнездува во него, не можејќи да одгатне зошто токму него го избрала, Адријан се враќа во пределите на детството, во прегратките на баба му и дедо му, со кои светот порано изгледал толку едноставен. Но нив веќе ги нема, старата куќа се распаѓа и тој треба сам да ги најде одговорите.
Роман за едно брзо и нагло созревање среде светот што се распаѓа. Во потрага по причината за чудната дарба, младичот ја спознава вистината дека и Моќта, како и сè друго – поминува.
Веб страницата користи колачиња за да ви овозможиме најдобро можно корисничко искуство. Со продолжување на користењето на нашата интернет страница ја прифаќате употребата на колачиња (cookies).
Се согласувам