Достапност во продавниците | |
---|---|
Книжарница ТРИ Ист Гејт | Достапно |
Книжарница ТРИ Дебар Маало | Достапно |
Книжарница ТРИ Веро Центар | Достапно |
Книжарница ТРИ ГТЦ | Достапно |
Понекогаш едноставното е премногу тешко... но секогаш треба да го направиме најдоброто што можеме.
Сестрите Стефи и Нели, на дванаесет и на седумгодишна возраст, се на пат кон остров крај Гетеборг, Шведска, за да го избегнат прогонот на Евреите во нивната родна Австрија. Во Виена се разделиле од родителите, а Стефи им ветила дека ќе се грижи за помалата сестричка.
На бродот што ќе ги однесе во новиот дом, Стефи ѝ опишува на Нели што ги чека таму: одморалиште со палми крај морското шеталиште, песочни плажи со лежалки и продавачи на сладолед, пијано и куче во новиот дом. Сонуваат за рај, но ги среќава сурова реалност. Им се чини дека живеат на крајот на светот, каде што смрди на риба и никој не го зборува нивниот јазик. Околу нив има само море и карпи, рибарски колипки и чамци, врсници кои ги избегнуваат...
„Мила мамо, дојди и земи нè. Овде не можам да живеам...“, ѝ пишува Стефи на мајка си. Но не го праќа тоа писмо. Не само затоа што не сака да ја загрижува мајка си, туку и сфаќа дека мора да се навикнат на новото место и на новото училиште, мора да го научат јазикот и уште куп нови работи, ако сакаат да преживеат. А додека ја очекуваат новата средба со родителите, која сè повеќе се одолжува, Стефи и Нели постепено се сродуваат со жителите на малиот остров...
Aника Тор, родена во 1950 година, во Гетеборг, е популарна шведска писателка, драматург и сценарист. Добила повеќе награди за нејзините дела, вклучувајќи ја и наградата „Аугуст“ за книгата за млади „Вистина или последица“. Од 1998 до 2009 година била членка на Шведската академија за книги за деца.
Нејзините дела се преведени на голем број јазици. Романот за млади „Остров во морето“ е објавен во 1996 година како нејзина дебитантска книга, која постигнала голем успех и е печатена во тираж од 120.000 примероци. Приказната за Стефи и Нели продолжува во книгите „Езерце со водени божури“, „Морска длабочина“ и „Отворено море“, во кои е прикажан животот на сестрите – нивното школување, пријателствата, љубовта, зрелоста.
Види повеќеВеб страницата користи колачиња за да ви овозможиме најдобро можно корисничко искуство. Со продолжување на користењето на нашата интернет страница ја прифаќате употребата на колачиња (cookies).
Се согласувам