Aника Тор, родена во 1950 година, во Гетеборг, е популарна шведска писателка, драматург и сценарист. Добила повеќе награди за нејзините дела, вклучувајќи ја и наградата „Аугуст“ за книгата за млади „Вистина или последица“. Од 1998 до 2009 година била членка на Шведската академија за книги за деца.
Нејзините дела се преведени на голем број јазици. Романот за млади „Остров во морето“ е објавен во 1996 година како нејзина дебитантска книга, која постигнала голем успех и е печатена во тираж од 120.000 примероци. Приказната за Стефи и Нели продолжува во книгите „Езерце со водени божури“, „Морска длабочина“ и „Отворено море“, во кои е прикажан животот на сестрите – нивното школување, пријателствата, љубовта, зрелоста.
Веб страницата користи колачиња за да ви овозможиме најдобро можно корисничко искуство. Со продолжување на користењето на нашата интернет страница ја прифаќате употребата на колачиња (cookies).
Се согласувам