×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




Врска

Врска

Рита ел Кајат


Издавач: Паблишер
Повез: Мек повез
Јазик: Македонски
Број на страници: 104
Година на издавање: 2025
Димензија: 14 x 20.5 cm
Автор: Рита ел Кајат
ISBN: 9786085021260
Жанр: Романи
Провери достапност во продавниците
Достапност во продавниците
Книжарница ТРИ Подвижна Достапно
Книжарница ТРИ ГТЦ Достапно
Книжарница ТРИ Веро Центар Достапно
Книжарница ТРИ Дебар Маало Достапно
250 ден.

Нека тажните души откријат тука само фикција за блесокот на љубовта, а оние кои ќе бидат вовлечени во играта, нека размислуваат само за сопственото „јас“...
 

Бунтовна и помирувачка, нежна и страсна приказна за една жена, за Тивалин. Името можеби не носи посебно значење, но неговото звучење и емотивното влијание сосем ѝ одговараат на хероината. Жена што знае да каже „јас“, и тоа не какво било „јас“ туку онакво што шокира. 

Тивалин доживува неверојатна љубовна страст, како бура што ја опустошува душата. Со сета таа невозможна љубов со паднати маски и без лицемерие, Тивалин се чувствува како брод среде разбеснето море кој мисли дека го наѕрел светилникот во мракот, но во следниот миг повторно го губи од вид.

„Врска“ е интимен поглед во личниот дневник на чувствата на една жена во строго патријархално општество, која е несекојдневна и обвинувана затоа што бара љубов и ослободување од стегите. Со длабоко проникнување во човековата психа, со огромно познавање на современите општествени текови, Рита ел Кајат успеала да напише роман за сите невозможности на животот и на љубовта, приказна жива и реална, а воедно и алегорична. Вечна. Таа на Жената и Мажот.

Рита ел Кајат

Рита ел Кајат

Рита Ел Кајат е современа мароканска писателка и активистка, психијатар и антрополог. Родена е во 1944 година, во Рабат. Студирала медицина во родниот град и психијатрија во Казабланка, а специјализирала медицина на трудот на Универзитетот во Бордо. Своите специјалистички студии по психијатрија и аеронаутичка медицина ги завршила во Париз. Посетувала студии и по етнопсихијатрија и по класичен арапски јазик.

Во текот на студирањето била водителка на радио и телевизија, а подоцна работела како новинарка, предавала антропологија на Универзитетот во Милано, како и на Катедрата за женски студии на Универзитетот за француски јазик во Квебек, Канада. Била член на Советот на директори на Меѓународниот филмски фестивал во Маракеш, членка на Африканската мрежа за развој и комуникација на жените (FEMNET), а од 2007 година и водителка на мароканската национална радиопрограма позната како „Книга, пријател“. Во 1999 година го основала Здружението „Аини Бенаи“ за култура, за популаризација на мароканската култура во останатите земји на Магреб, кое во 2000 година станува издавачка куќа. Авторка е на над 350 написи и на 36 романи и новели, на арапски и на француски јазик, како што се „Жената во арапскиот свет“, „Магреб за жените“, „Раскошниот Мароко на жените“ итн. Во нив пишува за местоположбата на жената во Магреб, и воопшто во арапскиот и исламскиот свет. „Врска“ е еден од нејзините најпопуларни романи, повеќеслојна приказна која влезе на голема врата во историјата на арапската литература. Опишувајќи ја врската меѓу еден маж и една жена, Рита ел Кајат како во никоја друга своја книга целосно се внела како психијатар и како психоаналитичар. „Врска“ не е само исповед на една жена за нејзините падови и подеми во врската со мажот, на нејзините осцилации од љубов до омраза, туку и една длабока психијатриска анализа на таа врска, во која авторката се вложува со сето свое знаење, умешност и познавање на положбата на мароканската жена, залагајќи се за нејзината еманципација и за нејзините социјални права. 

Види повеќе