×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.





Гензабуро Јошино


Гензабуро Јошино (1899 – 1981) бил јапонски автор на книги за деца, издавач, критичар, преведувач, комунистички активист, пацифист и новинар.

Дипломирал на Универзитетот во Токио во 1920-тите и кариерата ја почнал како библиотекар. Поради организирање комунистички собир, бил уапсен во 1931 година. Во 1935 г. писателот и политичар Јамамото Јузо издејствувал намалување на неговата затворска казна и го вработил како уредник во својата издавачка куќа. Токму во неа Јошино го објавил Како ќе живеете?, една од неговите најпознати книги, која се појавила како дел од серијата Мала национална библиотека на Јапонија. Како уредник на серијата, Јамамото го напишал нацртот на романот, но не успеал да го заврши поради болест. Во првото издание од 1937 година тој е наведен како коавтор, но во ревидираното издание објавено по војната, во 1948 г., како автор е наведен Јошино.

Гензабуро Јошино уживал голем углед како водечки прогресивен интелектуалец во добата Шова и како прв главен уредник на списанието Секаи ( Свет). Извршувал неколку важни позиции, бил професор на Универзитетот Меиџи, извршен директор на издавачката куќа Иванами шотен, бил прв претседател на Сејапонската конференција на новинари и на Документацискиот центар на Окинава.