×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




Како ќе живеете?

Како ќе живеете?

Гензабуро Јошино


Издавач: ТРИ
Повез: Мек повез
Јазик: Македонски
Година на издавање: 2026
Број на страници: 152
Димензија: 14 x 20.5 cm
Автор: Гензабуро Јошино
ISBN: 9786082811000
Жанр: Романи
Провери достапност во продавниците
Достапност во продавниците
Книжарница ТРИ ГТЦ Достапно
Книжарница ТРИ Веро Центар Достапно
Книжарница ТРИ Дебар Маало Достапно
340 ден.

Страдањето и тагата се, всушност, големи извори на сознавање.

Мала книга за големите прашања во животот, за растењето и наоѓањето на своето место во светот, Како ќе живеете? е класика што во Јапонија е продадена во над 2,5 милиони примероци.

Оваа топла приказна ни ја раскажуваат 15-годишниот Копер и неговиот вујко. Копер е популарен во училиштето како одличен ученик и голем шегаџија. Но длабоко во себе е плашлив, му недостига татко му, му пречи што не е малку повисок... Своите тајни од животот и другарувањето тој му ги доверува на вујко си, кој ги запишува нивните средби во дневникот што има намера на крај да му го подари на својот внук.

Дневничкото патување низ моралните и филозофските дилеми се развива во една безвременска приказна за тоа што значи да се биде човек. И Копер, како својот имењак Коперник, ги набљудува ѕвездите и размислува за небото, Земјата и човечката природа за да одговори на многуте прашања што го обземаат. На крајот, ја запишува одлуката за својот начин на живот поставувајќи ни го и нам прашањето: Како ќе живеете?

Оваа класика за изнаоѓањето на сопственото место во светот, кој е и бесконечно голем и незамисливо мал, е совршена за љубителите на филозофска проза какви што се Алхемичарот и Малиот принц.

Гензабуро Јошино

Гензабуро Јошино

Гензабуро Јошино (1899 – 1981) бил јапонски автор на книги за деца, издавач, критичар, преведувач, комунистички активист, пацифист и новинар.

Дипломирал на Универзитетот во Токио во 1920-тите и кариерата ја почнал како библиотекар. Поради организирање комунистички собир, бил уапсен во 1931 година. Во 1935 г. писателот и политичар Јамамото Јузо издејствувал намалување на неговата затворска казна и го вработил како уредник во својата издавачка куќа. Токму во неа Јошино го објавил Како ќе живеете?, една од неговите најпознати книги, која се појавила како дел од серијата Мала национална библиотека на Јапонија. Како уредник на серијата, Јамамото го напишал нацртот на романот, но не успеал да го заврши поради болест. Во првото издание од 1937 година тој е наведен како коавтор, но во ревидираното издание објавено по војната, во 1948 г., како автор е наведен Јошино.

Гензабуро Јошино уживал голем углед како водечки прогресивен интелектуалец во добата Шова и како прв главен уредник на списанието Секаи ( Свет). Извршувал неколку важни позиции, бил професор на Универзитетот Меиџи, извршен директор на издавачката куќа Иванами шотен, бил прв претседател на Сејапонската конференција на новинари и на Документацискиот центар на Окинава.

Види повеќе