×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




Подвижен хоризонт

Подвижен хоризонт

Даниеле Дел Џудиче


Издавач: ТРИ
Автор: Даниеле Дел Џудиче
ISBN: 9786082303581
Жанр: Романи
Провери достапност во продавниците
Достапност во продавниците
Книжарница ТРИ Веро Центар Достапно
Книжарница ТРИ Ист Гејт Достапно
Книжарница ТРИ Дебар Маало Достапно
280 ден.

Тргнувајќи на непознато патување географско и книжевно преку дневниците на неколку претходни експедиции ова книжевно патешествие нè води надвор од временските рамки во хипнотизирачкиот пејзаж на Антарктикот. 

Раскажувајќи за сопствената експедиција, Дел Џудиче создава книжевен мозаик од животот и книжевноста. Пренесувајќи ни ги суровите приказни за бродоломи, за бродови со месеци заглавени во мразот, за екипажи и морнари на работ на очајот или уништени од лудило, тој реконструира „хиперекспедиција“ која ги поврзува дамнешните патувања на старите истражувачи со сопствената авантура. Играјќи си со разновидноста на овие различни перспективи и гласови, авторот ни прикажува еден „подвижен хоризонт“ во просторот и времето – хоризонт кој е, сепак, истовремено и постојан и долготраен во чувствата што ги предизвикува. Хоризонт на кој се среќаваат сите места, приказни, денови, години и географски ери истовремено.

Подвижен хоризонт е поема на тие симултани, истовремени светови што се испреплетуваат на страниците на овој несекојдневен роман.   

Даниеле Дел Џудиче

Даниеле Дел Џудиче

Италијанскиот прозаист Даниеле дел Џудиче е роден во 1949 година, во Рим, но живее и работи како универзитетски професор во Венеција. На италијанската книжевна сцена се појавува во 1983 год., со романот Вимблдонскиот стадион, за кој се закитува со наградата „Вјареџо“ за дебитантски роман. По две години го објавува Западен атлас, а во 1997 год. култната збирка раскази Манија. За својот претпоследен роман, Подвижен хоризонт, во 2009 год. ја добива Европската награда за литература, во нејзиното прво издание. Во 2001 год. францускиот режисер Матје Амалрик снима филм според дебитантскиот роман на Дел Џудиче.

Добитник е на многу книжевни награди, како „Бергамо“ (1986), „Багута“ (1995) и „Фелтринели“ (2002), покрај гореспоменатите. Неговите дела се преведени на повеќе светски јазици. Даниеле дел Џудиче има објавено и драмски текстови, како и голем број есеи за Итало Звево, Томас Бернхард, Роберт Луис Стивенсон и Примо Леви, за кого го напишал и предговорот во изданието на неговите собрани дела.

Види повеќе