| Достапност во продавниците | |
|---|---|
| Книжарница ТРИ Подвижна | Достапно |
| Книжарница ТРИ Веро Центар | Нема на залиха |
| Книжарница ТРИ Дебар Маало | Достапно |
| Книжарница ТРИ ГТЦ | Достапно |
Третиот роман на Паоло Џордано Црна и сребрена раскажува за интимниот живот на едно модерно младо италијанско семејство кое доживува криза по смртта на старата помошничка и дадилка на детенцето на семејството. Госпоѓа А. е повеќе од домашна помошничка таа е стожер на семејството единствениот сведок на врската што ги спојува.
Црна и сребрена е меланхолична љубовна приказна, раскажана со префинет и интимен јазик и – за првпат во творештвото на авторот – во прво лице. Џордано се сосредоточува на надворешните подробности, меѓутоа ги користи за да ги долови со нив внатрешните светови на своите ликови, нивните заемни односи или стравови. Кога семејството ќе ја загуби госпоѓа А., ненадејно чувствува празнина што не може да се пополни. Но младата двојка допрва треба да согледа дека нејзината сила веќе е дел од нив.
Паоло Џордано е роден во 1982 година во Торино, Италија. Дипломирал физика на Универзитетот во Торино, а на истиот универзитет и докторирал во областа теориска физика во 2010 година.
Со пишување почнува да се занимава од разонода и по неколку објавени раскази, во 2008 година му излегува првиот роман, Осаменоста на простите броеви. Романот станува најпродаваната книга во Италија за 2008 година, за која авторот добива многубројни книжевни награди. Со своите тогашни 26 години, Џордано е најмладиот автор кому му е доделено најпрестижното италијанско книжевно признание „Стрега“. Романот е преведен и издаден во над четириесет земји во светот, а филмуван е во 2010 година, во режија на Саверио Костанцо.
По посетата на една италијанска истурена оперативна база во Авганистан, Џордано во 2012 година го објавува својот втор роман, Човековото тело. Во мај 2014 година излегува и романот Црно и сребрено. Покрај белетристика, Џордано пишува и стручни текстови од областа на физиката.
Види повеќеВеб страницата користи колачиња за да ви овозможиме најдобро можно корисничко искуство. Со продолжување на користењето на нашата интернет страница ја прифаќате употребата на колачиња (cookies).
Се согласувам