| Достапност во продавниците | |
|---|---|
| Книжарница ТРИ Ист Гејт | Достапно |
| Книжарница ТРИ Веро Центар | Достапно |
| Книжарница ТРИ ГТЦ | Достапно |
| Книжарница ТРИ Дебар Маало | Достапно |
Необичен колаж од портрети епизоди и размисли што ги собира и раскажува една англиска писателка на своето патување во Атина каде што оди да одржи предавање на летна школа за креативно пишување. Завиени во задушливата омарнина, на екскурзиите со брод, во училницата и во развревените градски кафулиња, ги запознаваме нејзините соговорници ‒ зборлестиот сосед од авионот, учениците од секаков профил, колегите писатели и старите пријатели. И колку поизразен е нивниот глас за мистеријата на креативноста и мрачните страни на интимноста, толку повоздржана е нивната слушателка ‒ магливо огледана во нивните исповеди, сопствената животна приказна и најдлабоките чувства таа ги остава само загатнати. Отстапувајќи од традиционалниот роман според формата и техниката, Контури е зрел оглед за идентитетот и неговото обезличување, потребата од другиот и потребата од (не)искажувањето. Ремек-дело за творечкиот порив што заслужено наиде на блескави критики и номинации за повеќе книжевни признанија.„Волшебно... Контури е еден сосем поинаков роман, свет што се претопува со нашиот, но не на начинот на кој би очекувале.“Њуjоркер
Рејчел Каск (1967 г.) е британска писателка. Родена е во Канада, а на осумгодишна возраст семејството се вратило во Англија. Студирала англиски јазик на Њу колеџ, Оксфорд. Има напишано осум романи и три есеи. За Спасувањето на Агнес (1993 г.) ја понела наградата Витбред за прв роман, а неговите теми - феминизмот и општествена сатира, остануваат централни во нејзиното творештво во наредната деценија. За својот роман Провинциски живот (1997 г.) ја добива британската книжевна награда Сомерсет Мом. Во 2003 година вбројана е во листата на дваесетте „Најдобри млади британски писатели“ на реномираното книжевно списание Гранта. А мемоарите Животно дело (2001 г.) и Последици (2012 г.), во кои бескомпромисно пишува за мајчинството и разводот, се сметаат за пионерски во книжевноста и исто толку контроверзни во јавноста.
Романот Контури (2014), првото дело од предвидената трилогија, е усилба на Каск да развие една нова раскажувачка форма за личното искуство избегнувајќи ги политиката на субјективноста и буквализмот, а наедно ослободена од стегите на раскажувачките норми. Наиде на огромни пофалби од страна книжевните критичари и влезе во најтесен избор за неколку од најпрестижните книжевни признанија.
Види повеќеВеб страницата користи колачиња за да ви овозможиме најдобро можно корисничко искуство. Со продолжување на користењето на нашата интернет страница ја прифаќате употребата на колачиња (cookies).
Се согласувам