| Достапност во продавниците | |
|---|---|
| Книжарница ТРИ Ист Гејт | Достапно |
| Книжарница ТРИ Дебар Маало | Достапно |
| Книжарница ТРИ Веро Центар | Достапно |
| Книжарница ТРИ ГТЦ | Достапно |
Во воздушниот простор меѓу полињата со пченка во Илиноис и сината бесконечност, еден маж одлучува да му верува на пропелерот на својот двокрилец. За разочараниот писател и пилот Ричард Бах вербата е вистинска колку и полниот резервоар и искрите кои ги испуштаат цилиндрите... сè додека не го запознае Доналд Шимода – поранешен механичар и таканаречен месија, кој умее да ги натера клучевите да летаат и кој ја распламтува Ричардовата имагинација...
Во Илузии Ричард Бах лета со својот двокрилец обидувајќи се да ги одгатне безвременските вистини што им даваат крилја на нашите души: дека на луѓето не им се потребни авиони за да летаат; дека и зад најцрните облаци блеска светлина штом ќе успееме да се издигнеме над нив; дека луѓето може да ги најдат месиите на најнеочекувани места – на пример, во полињата со сено, во малите гратчиња и, пред сè, во самите себе.
Дали е лесно да се биде месија во современиот свет? Дали во секого од нас не се крие неразбуден духовен учител? Дали веќе го имаме сето знаење што ни е потребно, и на кое треба само да се потсетиме? Ричард Бах поттикнува милиони читатели да се замислат над овие прашања.
Ричард Бах е американски романсиер и авијатичар. Го сметаат за духовен ученик на Алистер Кроули и Карлос Кастанеда.
Роден е на 23 јуни 1936 година, во Оук Парк, Илиноис. По мајчина линија е директен потомок на познатиот германски композитор Јохан Себастијан Бах. Во 1959 година дипломирал на Калифорнискиот универзитет во Лонг Бич. Летањето му е хоби уште од седумнаесетгодишна возраст. Во Армијата на САД бил дел од авијацијата, а по излегувањето од неа работел како пилот-каскадер и авиоинструктор. Страста кон летањето ја пренесува и во своите книжевни дела. Во нив ја изнесува филозофијата дека физичките ограничувања и смртноста на човечките суштества се обична илузија.
Во 1970 година го издава краткиот роман Галебот Џонатан Ливингстон, кој набрзо е преведен на многу јазици и станува меѓународен бестселер, а по три години од неговото објавување бил и филмуван. Следуваат романите Лет над облаците, Илузии, Нема толку далечно место, Мост преку вечноста, Единствената, Бегство од сигурноста, Живот под хипноза, Ништо не е случајно, Биплан, Прирачник за месии и други. Ричард Бах пишува и за деца и досега има објавено неколку книги од серијата Хрониките на Порот.
Види повеќеВеб страницата користи колачиња за да ви овозможиме најдобро можно корисничко искуство. Со продолжување на користењето на нашата интернет страница ја прифаќате употребата на колачиња (cookies).
Се согласувам