×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




Четириесет правила на љубовта

Четириесет правила на љубовта

Елиф Шафак


Издавач: ТРИ
Година на издавање: /
Автор: Елиф Шафак
ISBN: 9786082301662
Жанр: Романи
Провери достапност во продавниците
Достапност во продавниците
Книжарница ТРИ Ист Гејт Достапно
Книжарница ТРИ Веро Центар Достапно
Книжарница ТРИ Подвижна Нема на залиха
Книжарница ТРИ ГТЦ Достапно
Книжарница ТРИ Дебар Маало Достапно
450 ден.

Во својот заводлив лиричен роман Четириесет правила на љубовта светски познатата турска авторка Елиф Шафак ни ткае две паралелни приказни – едната современа а другата историска – и преку „четириесетте правила на љубовта“ ни ја доближува древната суфистичка филозофија што се заснова на единството на сите народи и вери и присуството на љубовта во секој од нас.

Ела Рубинстајн е четириесетгодишна несреќно омажена домаќинка што добива ангажман да прочита и да напише извештај за Слатко безбожништво – историски роман за судбоносната средба на исламскиот учител Руми и неговиот духовен водач, ексцентричниот дервиш скитник познат како Шемс од Тебриз. Притисната од личните проблеми, но и заинтригирана од мистериозниот автор Азиз З. Захара - фотограф, светски патник и суфист, таа започнува да се допишува со него. Низ приказната за контроверзното духовно пријателство и улогата на дервишот во длабоката преобразба на Руми во посветен мистик, страстен поет и поборник за љубовта, и самата Ела доживува трансформација, сфаќајќи дека Азиз, исто како Шемс, дошол да ја ослободи.

Четириесет правила на љубовта е магичен преплет на Истокот и Западот, на минатото и сегашноста, во една безвремена човечна и трогателна приказна што смело ги расветлува разликите меѓу религијата и духовноста, цензурата и сомилоста, стравот и универзалната љубов. 

Елиф Шафак

Елиф Шафак

Види повеќе