Емили Сент Џон Мандел е родена во 1979 година, во Канада, на островот Денман, на западниот брег од Британска Колумбија. На осумнаесет години се запишува во Школата за танцов театар во Торонто за да го проучува современиот танц. Кратко живеела во Монтреал пред да се пресели во Њујорк, каде што живее и денес. Нејзините раскази и романи се објавени како дел од многу антологии, меѓу кои посебно се истакнува Најдобри американски мистерии од 2013 година. Авторка е на романите: Синоќа во Монтреал (2009), Пиштолот на пејачот (2009), Квартетот Лола (2012), а значаен успех постигнува со Станица Единаесет (2014), за кој ја доби наградата „Артур Кларк“ во 2015 година и беше финалист за Националната награда за најдобра книга и ПЕН/Фокнер наградата.
Веб страницата користи колачиња за да ви овозможиме најдобро можно корисничко искуство. Со продолжување на користењето на нашата интернет страница ја прифаќате употребата на колачиња (cookies).
Се согласувам