×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.





Кристи Лефтери


Кристи Лефтери е родена во Лондон, во 1980 година. Нејзините родители се кипарски Грци кои се преселиле во Лондон во 1974 година, за време на турската инвазија. Завршила англиски јазик и креативно пишување на Универзитетот Брунел. Предавала англиски јазик на странски студенти и работела како професор во средно училиште пред да продолжи со докторски студии и да почне да пишува.

Авторка е на романите Лубеница, риба и Библија (2010), Песнопојки (2021).

Пчеларот од Алепо (2019) е поттикнат од нејзината волонтерска служба во Прифатниот центар на УНИЦЕФ за бегалци и мигранти во Атина.