×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




Жената во Куранот

Жената во Куранот

Бенјамин Идриз


Издавач: ТРИ
Автор: Бенјамин Идриз
ISBN: 9786082308432
Жанр: Романи
Провери достапност во продавниците
Достапност во продавниците
Книжарница ТРИ Веро Центар Достапно
Книжарница ТРИ Дебар Маало Достапно
Книжарница ТРИ ГТЦ Достапно
280 ден.

Еве една значајна, повеќе од добредодена, за сите потребна книга која ги отвара видиците и придонесува за разбирање и надминување на предрасудите за статусот на жената во исламот и воопшто во светот.

Книга инспирирана од искрен хуманизам, наменета не само за приврзаницате на исламот, ниту пак само за жените, или само за мажите. Непосредно, со дијалог и јасна аргументација, авторот Бенјамин Идриз покажува дека мажот нема право да ги поддржува своите неоправдани очекувања, а жената има право да се чувствува еднакво значајно.

Овој извонреден толкувач на Куранот заслужува да биде сослушан. Изложувајќи ги учењето и залагањата на Пророкот, тој ги разрешува прашањата за жените во исламот со истражување на негативните слики за нив во исламската традиција, не од академска дистанца туку низ секојдневни разговори и излагања. Зашто за Идриз и двата пола се рамноправни во духовна и морална смисла, пред Бога и пред правдата се третираат исто.

Ова е книга што има моќ да ја менува историјата.

 

Бенјамин Идриз

Бенјамин Идриз

Бенјамин Идриз е имам и автор познат по својот општествен активизам во Германија. Роден е во 1972 година, во Скопје, а денес живее во Пензберг, близу Минхен. На единаесетгодишна возраст ја завршил обуката за хафиз, личност која напамет го знае целиот Куран, кај својот татко, хафиз Идриз ефендија, познат скопски имам. Непосредно по завршувањето на обуката одржал мукабела (рецитирање на целиот Куран за време на месецот Рамазан) во џамијата Алаџа во Скопје. Го посетувал Институтот за исламски закон и арапска книжевност „Ал-Фуркан“ во Дамаск, Сирија, а потесно поле на интерес во тој период му била рамноправноста на жените во исламот. Студирал на Европскиот факултет за исламски студии во Шато Шинон, во Франција, и во 1998 година добил диплома по исламска теологија и религиозни принципи. Магистрирал во 2014 година на Универзитетот „Ал-Узaј“ во Бејрут, Либан, одбранувајќи го магистерскиот труд на тема „Современа исламска мисла“. Докторирал на Интернационалниот универзитет во Нови Пазар на темата „Хоризонталните аспекти на исламот“, под менторство на поранешниот реис-ул-улема на Исламската заедница на Босна и Херцеговина, д-р Мустафа еф. Цериќ. Од 1995 година е имам во џамијата во Пенцберг, Германија.

Во текот на изминатите дваесет години активно е вклучен во јавниот живот, како во регионот така и во Германија. Во поглед на неговата верска и општествена посветеност доволно е да се напомене дека има објавено околу петстотини статии во германските весници и списанија и дека за него има направено документарец. Станува парадигма за исламската заедница во Германија, со големо влијание врз свеста на луѓето. Во Германија е мошне познат, претседава со Минхенскиот исламски форум, кој планира да го изгради Минхенскиот исламски центар што ќе биде сочинет од голема просторија за состаноци, џамија и музеј.

Автор на книгата „Добар ден, г. Имам“ („Gruß Gott, Herr Imam“) и на најновата книга на германски „Како го разбирате Куранот, господине имаме?“ (“Wie verstehen Sie sen Koran, Herr Imam?“).

Зборува повеќе јазици – германски, турски, албански, арапски, босански и македонски.

Види повеќе