×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




Девојките

Девојките

Ема Клајн


Издавач: ТРИ
Автор: Ема Клајн
ISBN: 9786082305158
Жанр: Романи
Провери достапност во продавниците
Достапност во продавниците
Книжарница ТРИ Веро Центар Достапно
Книжарница ТРИ Дебар Маало Достапно
420 ден.

Северна Калифорнија крај на турбулентните шеесетти години. На почетокот на летото осамената тинејџерка Еви Бојд здогледува три девојки во паркот чија разузданост и опасна аура веднаш ѝ го привлекуваат  вниманието. Таа е маѓепсана од волшебната Сузан и е вовлечена во озлогласен култ чиј водач е мошне харизматичен човек...

Скриен во брдата, нивниот голем ранч е сенишен и полураспаднат, но за Еви е егзотично, возбудливо, наелектризирано место и очајнички сака да биде прифатена во нивната комуна. Сè повеќе време поминува одделена од мајка си и далеку од ритамот на дотогашниот вообичаен живот. Додека нејзината опседнатост со повозрасната Сузан расте, Еви не забележува дека се навестува незамисливо насилство...

Брилијантен роман кој понира во неверојатни психолошки длабочини, чудесно и одлично напишан. Со зрелост поголема за своите години, Ема Клајн напишала мудар и ни малку претенциозен роман – одмерено а возбудливо сведоштво за похотата и ужасот.

„Извонредна, опојна и интригантна приказна за созревањето, раскажана со толку убаво изработени реченици што можат да се носат како накит...“ Њујорк тајмс 

 

Ема Клајн

Ема Клајн

Ема Клајн е американска романсиерка. Родена е во 1989 година, во Калифорнија. Почнала да пишува во средно училиште. Нејзините кратки раскази се објавени во голем број книжевни списанија, меѓу кои „Њујоркер“ (The New Yorker), „Тинхаус“ (Tin House), „Гранта“ (Granta) и „Парис ривју“ (The Paris Review). Во 2014 година ја добива наградата Плимптон прајз на „Париз ривју“ (Paris Review Plimpton Prize) за дебитантско дело. Наградената новела Мерион излегува од печат во 2016 година. Истата година го објавува и својот прв роман, Девојките, со кој стекнува интернационална слава. Романот за кусо време е преведен на 35 јазици. Во 2017 година литературниот магазин „Гранта“ ја вбројува во листата Најдобри млади американски романсиери (Granta’s Best Young American Novelists).

Клајн студирала уметност. Студиите ѝ извршиле големо влијание врз начинот на изразување сосредоточен на пренесување на сопствената идеја пред публиката. Кога е во прашање нејзиниот пристап кон пишувањето, таа својот книжевен израз го насочува кон прикажување на сопствените размисли за светот на начин пристапен за другите. Инспирацијата ја црпи од она што таа го нарекува „алтернативни нарации на девојчинството“, како го доживуваме минатото и на кој начин сме заробени во него. Преку ликовите Клајн сака да ја прикаже комплексноста на човековата психа, постапките на луѓето за кои често и самите не ја знаат причината. Ема Клајн вели дека токму таа мистерија е важен мотив во нејзиниот процес на пишување, мистерија која не дозволува јасен морален заклучок, исто како што е и во животот. 

Девојките прекуноќ стана сензација. Неговиот ракопис, за кој лицитираа многу издавачки куќи, беше продаден со завиден аванс за нов автор и со договор за три книги. По неговото издавање, веднаш доби одлични критики. Лена Данам, на пример, вели: „Ова книга ќе ви го скрши срцето и ќе ви го сврти умот“, а според Џенифер Иган, „Девојките е навестување за брилијантен нов глас на американската книжевна сцена“.  

Види повеќе