×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.





Превод: Лидија Танушевска


Лидија Танушевска е редовен професор на Катедрата за славистика при Филолошкиот факултет Блаже Конески во Скопје. Предава Полска литература и Теорија и практика на преведување. Пишува научни трудови од областа на транслатологијата и е автор на преводи на дваесетина дела од полската книжевност. Во 2015 г. ја доби полската награда за превод Ришард Капушќињски за делото Империјата од Ришард Капушќињски. Двократен добитник е на наградата Златно перо за превод – во 2008 г. за романот Правек и другите времиња од Олга Токарчук и во 2012 г. за збирките раскази Продавниците со боја на цимет и Санаториумот во знакот на клепсидрата од Бруно Шулц. Покрај овие автори, ги има преведувано и Густав Херлинг-Груѓињски, Хенрик Шенкевич, Зигмунт Милошевски, Војќех Јагелски и др.