Достапност во продавниците | |
---|---|
Книжарница ТРИ Подвижна | Нема на залиха |
Книжарница ТРИ Веро Центар | Достапно |
Книжарница ТРИ Ист Гејт | Достапно |
Книжарница ТРИ Дебар Маало | Достапно |
Книжарница ТРИ ГТЦ | Достапно |
Зборовите на мајка ми никогаш не беа туѓи. Сите влегуваа во мојот јазик, во кој ќе останат засекогаш.
Во брилијантната проза на Мира Марќинув сè е непредвидливо и чудно, а најчудна е смртта што не треба да се случи. Иако на децата им се чини дека нивните мајки секогаш треба да бидат со нив, во светот постојат две крајни, непредвидливи околности: се умира со трагична смрт или по долго страдање.
Во „Безматичник“ Мира Марќинув се обидува да изнајде нов јазик за да ја опише загубата на саканата личност. Интимноста и недостигот таа ги претвора во книжевност: моќна, духовита и истовремено треперлива, сурово искрена, полна со нежност и копнеж… иако огромната празнина не може лесно да се пополни.
„Безматичник“ е обид да се пронајде и да се разбере љубовта, желбата да се живее и бегството од смртта. Енергичен роман за отсуството, сеќавањата, детството во посттранзициската реалност на 90-тите години. За една безмерна љубов каква што може да се случи само меѓу мајка и нејзината ќерка, која се чувствува како пчела што ја изгубила својата матица.
Мира Марќинув е современа полска писателка и филозофка, доктор по хуманистички науки и психологија на Јагелонскиот универзитет во Краков, доцент на Институтот за филозофија и социологија на Полската академија на науките.
Родена е на 19 март 1985 година, во Шчечинек, Северна Полска. Студирала хуманистички науки на Јагелонскиот универзитет, каде што дипломирала филозофија и психологија. Докторирала на Филозофскиот факултет при Институтот за психологија. Работи во Одделението за логика и когнитивни науки на Институтот за филозофија и социологија при Полската академија на науките. Коосновач и раководител е на Центарот за психоаналитичка мисла ИФиС при Полската академија на науките. Предавала на Универзитетот за социјални и хуманистички науки и психологија во Варшава и на Јагелонскиот универзитет. Добитничка е на повеќе награди, признанија и стипендии во својата област. Авторка е на повеќе текстови: за историјата на полската психијатрија, за меланхолијата, за историјата на идеите, за книжевното лудило, за танцувањето и за животинската психопатологија. Се занимава со филозофија на психијатријата и теоријата на лудилото, со посебен осврт на полското наследство.
Безматичник е нејзин прв роман. Во 2020 година за него ја добила годишната награда за литература што ја доделува списанието Политика. Номинирана е и за една од најреномираните полски книжевни награди Нике за 2021 година.
Види повеќеВеб страницата користи колачиња за да ви овозможиме најдобро можно корисничко искуство. Со продолжување на користењето на нашата интернет страница ја прифаќате употребата на колачиња (cookies).
Се согласувам