×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.





Мира Марќинув


Мира Марќинув е современа полска писателка и филозофка, доктор по хуманистички науки и психологија на Јагелонскиот универзитет во Краков, доцент на Институтот за филозофија и социологија на Полската академија на науките.

Родена е на 19 март 1985 година, во Шчечинек, Северна Полска.  Студирала хуманистички науки на Јагелонскиот универзитет, каде што дипломирала филозофија и психологија. Докторирала на Филозофскиот факултет при Институтот за психологија. Работи во Одделението за логика и когнитивни науки на Институтот за филозофија и социологија при Полската академија на науките. Коосновач и раководител е на Центарот за психоаналитичка мисла ИФиС при Полската академија на науките. Предавала на Универзитетот за социјални и хуманистички науки и психологија во Варшава и на Јагелонскиот универзитет. Добитничка е на повеќе награди, признанија и стипендии во својата област. Авторка е на повеќе текстови: за историјата на полската психијатрија, за меланхолијата, за историјата на идеите, за книжевното лудило, за танцувањето и за животинската психопатологија. Се занимава со филозофија на психијатријата и теоријата на лудилото, со посебен осврт на полското наследство.

Безматичник е нејзин прв роман. Во 2020 година за него ја добила годишната награда за литература што ја доделува списанието Политика. Номинирана е и за една од најреномираните полски книжевни награди Нике за 2021 година.