| Достапност во продавниците | |
|---|---|
| Книжарница ТРИ Ист Гејт | Достапно |
| Книжарница ТРИ Веро Центар | Достапно |
| Книжарница ТРИ Подвижна | Достапно |
| Книжарница ТРИ Дебар Маало | Достапно |
| Книжарница ТРИ ГТЦ | Достапно |
Сопруга мајка и сопственичка на кафе-книжарницата Среќните луѓе читаат и пијат кафе во Париз се чини дека Дијан има совршен живот. Но ненадејно ќе ги изгуби саканиот сопруг и ќерката и сè одненадеж застанува. Сè освен нејзиното срце кое и натаму упорно и болно чука. Изгубена во спомените таа повеќе не знае како да живее...
По една година ќе ги шокира семејството и пријателите одлучувајќи да се пресели во едно село на ирскиот брег. Конечно решена повторно да го изгради својот живот – сама. Таму ќе го запознае Едвард, таинствениот фотограф од соседството. Ќе си дозволи ли повторно да сака? Ќе го надвладее ли стравот дека со новата љубов ќе ги изневери саканите кои веќе ги нема?
„Трогателна приказна со многу дијалози која со лесен стил и со многу топлина и разбирање зборува за тоа дека можеме да ги преживееме и најтешките животни моменти.“ Ле паризјен
Ањес Мартен-Лиган е родена во 1979 година, во Сен Мало, Франција. Магистрирала психологија и шест години работела како клинички психолог за детска заштита. По раѓањето на својот прв син, ја напушта работата и почнува да пишува, остварувајќи го својот сон да стане писател.
Својот прв роман Среќните луѓе читаат и пијат кафе го објави самостојно, во 2013 година, како електронска книга на „Амазон“. Благодарение на препораките од издавачите и читателите, романот брзо доживеа огромен успех и во Франција и во светот. Наскоро е преведен и издаден во над 20 земји во светот. Според него ќе биде снимен и филм во Холивуд. Во 2015 година излезе од печат и неговото продолжение, Вљубените во книгите никогаш не спијат сами.
Ањес Мартен-Лиган досега објави четири романи. Во нив таа префинето, со хумор и нежност ги анализира механизмите на човечката душа, раскажувајќи приказни кои трогнуваат и лесно го наоѓаат патот до срцето.
Живее со семејството во Руан.
Види повеќеВеб страницата користи колачиња за да ви овозможиме најдобро можно корисничко искуство. Со продолжување на користењето на нашата интернет страница ја прифаќате употребата на колачиња (cookies).
Се согласувам