×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




Мостот Сан Луис Реј

Мостот Сан Луис Реј

Торнтон Вајлдер


Издавач: ТРИ
Автор: Торнтон Вајлдер
ISBN: 9786082304564
Жанр: Романи
Провери достапност во продавниците
Достапност во продавниците
Книжарница ТРИ Веро Центар Достапно
Книжарница ТРИ Дебар Маало Достапно
200 ден.

ДОБИТНИК НА ПУЛИЦЕРОВАТА НАГРАДА

Кога во 1927 г. еден издавач прифатил да ја објави Мостот Сан Луис Реј – затоа што сметал дека толку убаво дело мора да биде отпечатено – немал големи очекувања дека ќе постигне успех кај публиката. Но читателите биле восхитени. Книгата ја добива Пулицеровата награда во 1928 година – и секоја година илјадници нови читатели воодушевено ја прифаќаа приказната на Вајлдер за петтемина што загинуваат на еден трошен мост.

Мостот Сан Луис Реј не содржи каква и да е жестоко дејство. Нема насилство, нема ниту егзотично опкружување. Сепак, обраќањето на книгата е универзално; исто како и Брат Џунипер, сите и насекаде се соочуваат со размислата: „Или живееме случајно и умираме случајно, или живееме според план и умираме според план“. Иако цел на Вајлдер никогаш не било да го открие одговорот ниту, пак, Брат Џунипер ја имал таа среќа, во романот е содржан модел на значењето на страстите, грешките и копнежите на човечките суштества. Значењето е човечко, зашто и покрај тоа што никогаш не можеме да сме целосно сигурни во Божјата интервенција во секое наше движење на земјата, „мостот“ на љубовта што ги поврзува тие две нешта им дава достоинство и цел дури и на наједноставните животи.

Торнтон Вајлдер

Торнтон Вајлдер

Торнтон Вајлдер (1897–1975) е роден во Медисон, Висконсин. Во тоа време неговиот татко бил уредник на „Висконсин стејт џорнал“, но во 1906 г. бил именуван за генерален конзул на САД во Хонгконг, од каде што по три години бил преместен во Шангај. Поминувајќи ги првите години од образованието во Кина, младиот Торнтон се подготвувал за колеџ во Калифорнија, го посетувал колеџот Оберлин од 1915 до 1917, а потоа се префрлил на Јејл.

По избувнувањето на Првата светска војна, привремено ги прекинува студиите и служи како каплар во Крајбрежната артилерија, во Нарагансет беј, во 1918 година. По примирјето се враќа на студиите, и во 1920 година дипломира на Јејл. За него Вилијам Лајон Фелпс напишал: „Како студент беше невообичаено надарен, оригинален и бистар. Свиреше и компонираше музика, пишуваше еднакво и проза и поезија и покажуваше добар успех во студирањето“.

По напуштањето на Јејл, Вајлдер една година студира археологија на Американската академија за класични студии во Рим. Од 1921 до 1928 година предава француски јазик на Академијата Лоренсвил. Во тој период продолжува со последипломски студии и во 1926 година го добива магистерското звање на Принстон.

Сите тие години Вајлдер не престанува да пишува, експериментирајќи со наративниот стил и техниките, решен да пишува за задоволство, а не за профит. Кога во 1926 година се појави неговиот прв роман, Кабала, голем број критичари го пофалија неговиот елегантен и рафиниран литературен стил; меѓутоа, неговата кратка приказна за назадувањето на една група софистицирани луѓе во Рим како тема беше премногу далечна за да биде општоприфатена. Истата година Американскиот лабораториски театар ја изведе неговата прва драма, Трубата ќе се огласи.

Во 1927 г. издавачите прифатиле да ја издадат Мостот Сан Луис Реј затоа што, според една верзија, издавачите мислеле дека толку убаво дело мора да биде отпечатено; немале големи очекувања дека ќе постигне успех кај публиката. Но читателите биле восхитени. Книгата ја доби и Пулицеровата награда во 1928 година – и секоја година илјадници нови читатели воодушевено ја прифаќаат приказната на Вајлдер за петтемина што загинуваат на еден трошен мост. Мостот Сан Луис Реј не содржи каква и да е жестока акција. Нема насилство, нема некакво егзотично опкружување. Сепак, обраќањето на книгата е универзално; исто како и Брат Џунипер, сите и насекаде се соочуваат со размислата: „Или живееме случајно и умираме случајно, или живееме според план и умираме според план“. Иако цел на Вајлдер никогаш не било да го открие одговорот ниту, пак, Брат Џунипер ја имал таа среќа, во романот е содржан модел на значењето на страстите, грешките и копнежите на човечките суштества. Значењето е човечко, зашто и покрај тоа што никогаш не можеме да сме целосно сигурни во Божјата интервенција во секое наше движење на земјата, „мостот“ на љубовта што ги поврзува тие две нешта им дава достоинство и цел дури и на наједноставните животи.

Види повеќе