×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.





Тања Русу


Тања Каловска Русу е родена во 1976 година, во Скопје. Дипломирала Политички студии на Правниот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, а магистрирала Југоисточноевропски студии на Националниот универзитет „Каподистријан“ во Атина.

Работела во Министерството за труд и социјална политика, а потоа и за низа меѓународни организации во регионот на Западен Балкан.

Авторка е на неколку публикации од областа на социјалната сигурност и инклузија. „Пред да се порамнат ѕвездите“ е нејзин прв роман.

Веќе десет години со семејството живее во Хаг, Холандија.