Румена Бужаровска (1981, Скопје) е писателка, преведувачка и професорка. Авторка е на четири збирки раскази (Чкртки, Осмица, Мојот маж и Не одам никаде), на есеистичката книга Господ, па Америка, на студија за хуморот во современиот американски и македонски расказ (За смешното: теориите на хуморот низ призмата на расказот), на детската книга Што виде бубамарата?, како и на книгичката кратки фикции Спиј.
Нејзините книги се преведени и објавени на петнаесетина јазици, а расказите од Мојот маж и Не одам никаде се поставени во шест театарски претстави во земјата и во странство. Преведува од англиски на македонски (Џон М. Куци, Луис Карол, Труман Капоти, Ијан Рид, Фланери О’Конор) и предава американска книжевност и преведување на Филолошкиот факултет во Скопје.
Веб страницата користи колачиња за да ви овозможиме најдобро можно корисничко искуство. Со продолжување на користењето на нашата интернет страница ја прифаќате употребата на колачиња (cookies).
Се согласувам