×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




Тони

Тони

Румена Бужаровска


Издавач: ТРИ
Повез: Мек повез
Јазик: Македонски
Број на страни: 260
Година на издавање: 2024
Димензија: 12 x 20 cm
Автор: Румена Бужаровска
ISBN: 9786082810126
Жанр: Романи
Провери достапност во продавниците
Достапност во продавниците
Книжарница ТРИ Дебар Маало Достапно
Книжарница ТРИ Подвижна Достапно
Книжарница ТРИ ГТЦ Достапно
Книжарница ТРИ Ист Гејт Достапно
Книжарница ТРИ Веро Центар Достапно
450 ден.

Реалноста е секогаш пошокантна од тоа што го пишува во книгите.

Тони е средовечен бивш рокер од Скопје, кој живее со мајка му и работи во државна институција. Во текот на пандемијата, ненамерно, но по своја вина, предизвикува неколку настани кои засекогаш го менуваат неговиот, а и животот на луѓето околу него.

Напишан на жив, остар и современ јазик, во препознатливиот горчлив и истовремено духовит стил на Бужаровска, Тони е роман за машкоста, за градот и за традицијата. Брутално комичен, но и длабоко трагичен, се чита во еден здив. Ова е роман што ќе ве удри од земја и ќе ве натера да ги преиспитате општествените, романтичните и семејните односи од нашето секојдневие.  

Румена Бужаровска

Румена Бужаровска

Румена Бужаровска (1981, Скопје) е писателка, преведувачка и професорка. Авторка е на четири збирки раскази (Чкртки, Осмица, Мојот маж и Не одам никаде), на есеистичката книга Господ, па Америка, на студија за хуморот во современиот американски и македонски расказ (За смешното: теориите на хуморот низ призмата на расказот), на детската книга Што виде бубамарата?, како и на книгичката кратки фикции Спиј.

 Нејзините книги се преведени и објавени на петнаесетина јазици, а расказите од Мојот маж и Не одам никаде се поставени во шест театарски претстави во земјата и во странство. Преведува од англиски на македонски (Џон М. Куци, Луис Карол, Труман Капоти, Ијан Рид, Фланери О’Конор) и предава американска книжевност и преведување на Филолошкиот факултет во Скопје. 

Види повеќе

Можеби ќе ве интересира