Виолета Танчева-Златева (1968) е поетеса, раскажувач, есеист, лектор и преведувач. Родена е во село Бориево, Струмичко. Завршила Филолошки факултет во Скопје. Член е на Друштвото на писателите на Македонија и на Здружението на лекторите на Македонија. Работи како лектор-уредник во Издавачки центар ТРИ – Скопје.
Има објавено 6 прозни и 9 поетски книги, а за некои од нив ги добила наградите „Браќа Миладиновци“ на Струшките вечери на поезијата за „Година без лето“ во 2015 г.; „Ацо Шопов“ на Друштвото на писателите на Македонија за „Патот“ во 2018 г.; „Антев златник“ за „Глуво време“ во 2022 година.
Покрај одделни песни на автори објавувани во периодиката, од бугарски јазик досега ги превела: „Сè за Македонија: документи: 1919 – 1924 / Тодор Александров“ (зборник. Аналитико АИ, Скопје 2005); Кети Бозукова, „Сон по нарачка“, поетска книга. Центар за култура „Бели мугри“, Кочани 2011); „Југоисточна Европа: раскази“, том I (Ѕвезди на светската книжевност. Издавачки центар ТРИ и Арс ламина – публикации, Скопје 2016. [Љубен Каравелов, Елин Пелин, Николај Рајнов, Јордан Јовков, Емилијан Станев, Николај Хајтов, Јордан Радичков, Васил Попов, Антон Дончев, Георги Господинов.])
Веб страницата користи колачиња за да ви овозможиме најдобро можно корисничко искуство. Со продолжување на користењето на нашата интернет страница ја прифаќате употребата на колачиња (cookies).
Се согласувам