×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




Колку беше доцна, колку доцна

Колку беше доцна, колку доцна

Џејмс Келман


Издавач: ТРИ
Автор: Џејмс Келман
ISBN: 9786082305295
Жанр: Романи
Провери достапност во продавниците
Достапност во продавниците
Книжарница ТРИ Дебар Маало Достапно
Книжарница ТРИ ГТЦ Достапно
450 ден.

Колку беше доцна колку доцна е фуриозен и бескомпромисен роман во духот на модернистичката традиција и директно инспириран од творештвото на Семјуел Бекет и Џејмс Џојс.

Напишан „во еден здив“, без поделба на поглавја и паузи во нарацијата, Колку беше доцна, колку доцна претставува, всушност, тек на свеста на главниот лик Семи, кој минува низ неколку пеколни денови од својот живот. Семи има навистина ужасна седмица – се опива и додека е онесвестен го ограбуваат, му земаат сè, па дури и чевлите, а потоа го апсат полицајците и го тепаат толку дивјачки што ослепува. И тоа е само почеток на неговите проблеми, зашто слеп и претепан го фрлаат на улица, а неговата девојка одеднаш исчезнува и нема никој да му понуди барем малку помош и утеха...

Истовремено депресивен и преполн со црн хумор, романот се заокружува како потресна и трогателна човечка драма, која како вител го вовлекува читателот во своите скриени длабочини.

„Роман кој на најнеочекуван начин од мрачен реквием се трансформира во химна на животот. Ако на првите неколку страници го мразите и не го разбирате Семи, на последните страници ќе плачете поради него, затоа што веќе сфаќате дека полека почнува да ви недостига.“ Сандеј телеграф

Џејмс Келман

Џејмс Келман

Џејмс Келман (1946, во Глазгов) е влијателен шкотски романсиер, новелист, драматург и автор на политички есеи. Важи за еден од најнаградуваните и најпознатите современи шкотски писатели. Со литература почнал да се занимава во седумдесеттите години на минатиот век, кога и ја објавува својата прва збирка раскази. Оттогаш има напишано уште 20 книги со раскази и есеи, а автор е и на девет романи за кои има добиено голем број британски и меѓународни книжевни награди. Во неговиот опус особено се издвојува специфичниот стил на раскажување и експерименталниот пристап кон различните наративни жанрови. За романот Колку беше доцна, колку доцна (How Late It Was, How Late) Џејмс Келман ја доби наградата Букер за 1994 година.

Види повеќе