×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.





Хелен Хоанг


Хелен Хоанг (1982, Минесота) е срамежлива личност која никогаш не зборува. Сѐ додека не почне да зборува. А тогаш од нејзината уста почнуваат да излегуваат смели работи. Првиот љубовен роман го прочитала во осмо одделение и оттогаш е зависна од нив. Во 2016 година ѝ било дијагностицирано нарушување на аутистичниот спектар, тоа што претходно било познато како Аспергеров синдром. Нејзиното патешествие било инспирација за Коефициент на љубовта. Во моментов живее во Сан Диего, Калифорнија со својот сопруг, двете деца и рибата-милениче.