| Достапност во продавниците | |
|---|---|
| Книжарница ТРИ Ист Гејт | Достапно |
| Книжарница ТРИ ГТЦ | Достапно |
| Книжарница ТРИ Дебар Маало | Достапно |
Легендите постојат за да ни го раскажат она што историјата го заборавила.
Во 1974 г., на островот Кипар, Гркот Костас и Турчинката Дефне кришум се среќаваат во меаната Среќна смоква среде која се извишува едно дрво – сведок на војната што се разгорува на островот и на неговата поделба, кога младите се принудени да се разделат.
По дваесетина години Костас се враќа во Никозија како успешен ботаничар и ја наоѓа својата изгубена љубов. Заминуваат за Лондон, со едно гранче од старата смоква... По 16 години, соочена со загубата на мајка си, нивната ќерка очајно трага по одговори. А единствената врска што ја има со земјата на своите предци е смоквата во дворот и една неочекувана гостинка за новогодишните празници. Со своите вкусни кипарски рецепти, бучен карактер и топлина, таа го извлекува семејството од зачмаеноста и ги расветлува годините на тајни, разделби и тишини.
Раскошна, магична приказна за припадноста и идентитетот, љубовта и траумата, сеќавањето и заборавот, уништувањето на човештвото и природата, и најпосле, за обновата и зацелувањето.
„Прекрасен и трогателен роман за мрачните тајни на граѓанските војни и злата на екстремизмот: Кипар, љубовници од различни вери, оштетени деца, откоренување – и замислете, еден од ликовите во книгата е смоква!“
Маргарет Атвуд, Твитер
Елиф Шафак е влијателна и наградувана британско-турска авторка. Има објавено 20 книги, од кои 13 се романи, вклучувајќи го и нејзиниот претпоследен роман „Островот на исчезнатите дрвја“, кој влезе во потесен избор за наградата „Коста“ за најдобар роман. Таа е најпродаван автор во многу земји во светот, нејзините дела се преведени на шеесетина јазици. „10 минути и 38 секунди“ влезе во потесен избор за Букеровата наградата, за наградата на Кралското книжевно друштво поддржана од Кристофер Ондачи и беше избрана за книга на годината од книжарницата „Блеквел“. „Би-би-си“ ја вклучи „Четириесет правила на љубовта“ во стоте романи кои го обликуваа светот. Војвотката од Корнвол го избра „Чиракот на архитектот“ за еден од четирите инаугуративни романи со кои го отвори Клубот на читатели „Читалница“ на Инстаграм. Колеџот „Бард“ ѝ додели почесен докторат за хуманистичка книжевност, како признание за нејзината хуманитарна и филантропска работа, а „Би-би-си“ ја избра за една од стоте најинспиративни и највлијателни жени на светот. Таа е член и потпретседател на Кралското книжевно друштво. Беше член на Советот за креативна економија при Светскиот економски форум и основач на Европскиот совет за меѓународни односи. Редовно пишува за значајни светски списанија. Поборничка е за правата на жените, правата на ЛГБТК+ заедницата, како и за слободата на изразување. Двапати има зборувано на „ТЕД глобал“ и е инспиративен јавен говорник. Има добиено Витешки орден во областа на уметноста и книжевноста. Во 2017 година „Политико“ ја избра меѓу дванаесеттемина кои „умеат да те расположат кога ти е најпотребно“. Била член на жири-комисиите за голем број книжевни награди, вклучувајќи ја наградата „ПЕН/Набоков“, а претседавала и со комисијата за наградата „Велком“. Неодамна ја доби наградата „Халдор Лакснес за меѓународна литература“ за нејзиниот придонес за „обновувањето на уметноста на раскажувањето“.
Види повеќеВеб страницата користи колачиња за да ви овозможиме најдобро можно корисничко искуство. Со продолжување на користењето на нашата интернет страница ја прифаќате употребата на колачиња (cookies).
Се согласувам