Достапност во продавниците | |
---|---|
Книжарница ТРИ Веро Центар | Нема на залиха |
Книжарница ТРИ Ист Гејт | Достапно |
Книжарница ТРИ Подвижна | Нема на залиха |
Книжарница ТРИ ГТЦ | Достапно |
Книжарница ТРИ Дебар Маало | Достапно |
Клучната сцена во романот се одвива додека најголемиот светски филозоф Аристотел и најголемиот освојувач на светот Александар водат дијалог пливајќи по Прасијадското (Дојранското) Езеро. Аристотел го застапува гледиштето дека ропството е нужност за устрем на човекот кон освојување на нови предели на духот. Александар му се спротивставува на Аристотел со својот став дека кога утре ќе ги победи Хелените сите нивни робови ќе ги ослободи. Аристотел му вели на Александар да запамети дека ако ги признае другите ќе се ослабне себеси зашто не е можно од истото количество сила што постои на светот на другите да им дадеш а твојата сопствена да не се смали. Александар е уверен дека со сила можат да се освојат сите земји но со сила не може да се создаде светско царство зашто во светското царство владее светскиот дух и тоа не може да се воспостави без другите народи. Тој сака хеленскиот и македонскиот народ да живеат како браќа. Затоа вели дека кога ќе го освои сиот свет и кога ќе го воспостави светското царство ќе ги избрише сите разлики меѓу луѓето. Тогаш на светот ќе завладее големата хармонија меѓу народите. Македонија според Александар е предодредена да биде мост меѓу стариот и новиот свет но притоа заборавил да додаде (погледнато од перспективата на новата ера) дека кога ќе се согласиш да бидеш мост со самото тоа се согласуваш да те газат.
Георги Старделов
Секој сон, секоја идеја што Митко Маџунков ја развива во овој роман, особено односот меѓу учителот Аристотел и ученикот Александар, кој го надраснува учителот и на неговото учење му дава инаков дух, е од исклучителна важност за сфаќањето на овој писател.
Предраг Палавестра
Веб страницата користи колачиња за да ви овозможиме најдобро можно корисничко искуство. Со продолжување на користењето на нашата интернет страница ја прифаќате употребата на колачиња (cookies).
Се согласувам