×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




Војници со гумени чизми

Војници со гумени чизми

Ивица Челиковиќ


Издавач: ТРИ
Автор: Ивица Челиковиќ
ISBN: 9786082304861
Жанр: Романи
Провери достапност во продавниците
Достапност во продавниците
Книжарница ТРИ ГТЦ Достапно
Книжарница ТРИ Дебар Маало Достапно
250 ден.

Војници со гумени чизми е драматична и страсна приказна за копнежот и љубовта за растењето и пронаоѓањето на својот животен пат.

Современ роман-потсетник на едно бурно време во кое заедно со големата држава се распаѓаа и многу семејства и надежи, кога се бришеа границите меѓу чувствата и разумот, меѓу реалноста и човечките сништа.

Браќата Васил и Столе се само едни од многуте кои не успеваат да се приспособат кон новите околности. Приказната за нивните соништа и разочарувања лесно го внесуваат читателот во еден магичен свет во кој патувањето низ времето е начин да се долови нивниот живот од една поинаква перспектива. Едниот страстен и немирен, другиот спокоен и разумен, секој на свој начин се соочува со своите демони. И токму кога се чини дека си ги средуваат работите и наоѓаат прибежиште во љубовта, над нив се надвиснуваат нови закани...

 

Ивица Челиковиќ

Ивица Челиковиќ

Ивица Челиковиќ (1962, Скопје) е поет, раскажувач и преведувач. Завршил Интердисциплинарни студии по новинарство во Скопје. Студирал и на Институтот за новинарство и масовни комуникации во Гетеборг, Шведска, каде што живее и работи. Член е на Друштвото на писателите на Македонија од 1990 година. Од 2003 година е член на Сојузот на шведските писатели.

Автор е на петнаесетина авторски дела, поетски збирки и романи: „Школки во рацете“ (поезија, 1990), „Долги граници со небото“ (поезија, 1992), „Метаморфози на патот“ (поезија, 2002), „Зад источната линија“ (роман, 2004), „Возови во пајакова мрежа“ (поезија, 2006), „Праг и огледало“ (поезија, 2008), „Во ѕидот знак“ (поезија, 2010), „Сенки на северот“ (избор од поезијата, 2013), „Skuggor bakom muren“ (поетски избор во превод на шведски, 2014), „Седмиот ден“ (роман, 2014), „Во друга светлина“ (поезија, 2015), „Војници во гумени чизми“ (роман, 2016), „Луѓе без минато“ (роман, 2018), „Ден за одмазда“ (роман, 2021), „Позлатено распетие“ (поезија, 2022), „Поинаков сон“ (поезија, 2023), „Туѓинци и браќа“ (роман, 2023). Негови песни се преведувани и објавувани на англиски, шведски, српски и персиски.

Преведува шведска литература на македонски. Превел четириесетина дела од познати шведски писатели, меѓу кои од Аугуст Стриндберг, Селма Лагерлеф, Хари Мартинсоен, Торгни Линдгрен, Биргита Тротциг, Гунар Екелоф, Астрид Линдгрен, Ласе Содерберг, Микаел Ниеми, Јонас Хасен Кемири, Катарина Фростенсон, Фредрик Бакман и Хелена Хеншен. Превел и еден роман од норвешки од Кирсти Блум. Составувач е на антологијата „Македонска поезија“ што во негов превод на шведски е објавена во 2005 година.

Добил повеќе награди и признанија, меѓу кои „Млада Струга“, „Златно перо“, „Иселеничка грамота“, „Стојан Христов“, „Стале Попов“ и „Караманов 2023“. Добитник е на петгодишна работна стипендија за периодот 2016 – 2020 година од шведскиот Писателски фонд, која му е доделена за неговото авторско творештво, како и за посебниот придонес во преведувањето на шведската литература на македонски јазик.

Романот „Повратник со две лица“ е негово седмо прозно дело. 

Види повеќе