Џулијано да Емполи (1973) е современ италијанско-швајцарски автор, есеист и романсиер, политички советник. Основач е на „Волта“, аналитички центар со седиште во Милано, и професор на Институтот за политички студии во Париз. Има објавено 15-тина стручни книги, од кои последната, Инженери на хаосот, е посветена на новите мајстори на политичката пропаганда и е преведена на дванаесет јазици. Магот од Кремљ е негов прв роман. Веднаш по објавувањето во „Галимар“, во 2022 година, стана бестселер во Франција. За него Да Емполи ја доби наградата за најдобар роман на Француската академија, наградата „Оноре де Балзак“, а е финалист и за наградите „Гонкур“ и „Интералие“.
Веб страницата користи колачиња за да ви овозможиме најдобро можно корисничко искуство. Со продолжување на користењето на нашата интернет страница ја прифаќате употребата на колачиња (cookies).
Се согласувам