×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




Азбука за непослушните - Фрески и гротески

Азбука за непослушните - Фрески и гротески

Венко Андоновски


Издавач: ТРИ
Автор: Венко Андоновски
ISBN: 9786082309828
Жанр: Романи
Провери достапност во продавниците
Достапност во продавниците
Книжарница ТРИ Подвижна Достапно
Книжарница ТРИ Веро Центар Достапно
Книжарница ТРИ Дебар Маало Достапно
Книжарница ТРИ Ист Гејт Достапно
Книжарница ТРИ ГТЦ Достапно
450 ден.

Расказите „Фрески и гротески“ и романот „Азбука за непослушните“ се првите дела со кои Венко Андоновски ја освои македонската јавност. Тие му претходеа на романот „Папокот на светот“, со кој Андоновски го сврте вниманието кон себе во балканските литератури (награда „Балканика“ 2001). Со „Вештица“ веќе го привлече вниманието на француските и руските критичари и читатели (предговор од Милан Кундера за француското издание на „Вештица“ и награда „Југра“ за најдобар роман од словенските книжевности преведен на руски јазик). За најновиот роман, „Папокот на светлината“ (2022), Андоновски ја доби и меѓународната Толстоева награда за книжевност „Јасна Полјана“, со што се вброи меѓу претходните добитници, познатите писатели Џулијан Барнс, Рут Озеки, Марио Варгас Љоса, Орхан Памук...

Тој пат од речиси целосна анонимност до меѓународно признание немаше да се случи ако не постоеја овие две книги, од кои како од јајце, ab ovo, излезе цела една прозна вселена.

Венко Андоновски

Венко Андоновски

„Без сомнение, Андоновски може да се нарече гениј, жив класик и книжевен џин, а романот [Папокот на светот] може да се споредува со делата на Умберто Еко и Милан Кундера“.

Проф. д-р Венко Андоновски е романсиер, драмски писател, филмски сценарист, книжевен критичар, теоретичар на литературата и културата. Автор е на вкупно 35 книги на македонски јазик од најразлични жанрови. Редовен професор е на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје. Бил и декан на Факултетот, а добитник е и на наградата „Свети Климент Охридски“ за образование. Како писател, Андоновски е автор на 2 книги поезија, 3 книги раскази, 4 романи, 18 изведени театарски пиеси и 1 сценарио за игран филм.  Повеќекратен добитник е на сите домашни награди за проза, драма и критика, како и на меѓународните награди „Балканика“, „Југра“ (руска меѓународна награда за најдобар роман од словенските книжевности преведен на руски, за „Папокот на светот“), како и на наградата „Петар Кочиќ“ за српското издание на романот Вештица. Во 2018 година беше номиниран, со 33 светски писатели (меѓу кои и Нобеловци) за Толстоевата награда („Јасна полјана“). Тој е првиот Македонец што доби меѓународна книжевна награда по осамостојувањето на Македонија („Балканика“). Еден од најчитаните македонски автори во Македонија во последниве две децении. „Папокот на светот“ е до сега печатен во 15.000 примероци, а „Вештица“ во 11.000. Еден од најизведуваните драмски писатели во последниве дваесет години во Македонија. Кандид во земјата на чудата беше на репертоарот на „Драмски“ цели седум години, со над сто изведби. За француското издание на неговиот роман „Вештица“, Милан Кундера, откако ќе го спореди Андоновски со Херман Брох и Карлос Фуентес, ќе напише: „Вештица е голем роман за Европа. За минатото и сегашноста на Европа. Ве молам прочитајте го. Со љубовта која ја заслужува“. Делата му се преведени на десетина јазици, меѓу кои и на англиски, француски, руски, унгарски, грчки, словенечки, хрватски, српски, бугарски… Автор е на осум книги од областа на теоријата на книжевноста и културологијата. Приредил и две антологии на македонската поезија (македонско-српска и македонско-англиска). Автор е и на една двојазична (македонско-англиска) ексклузивна монографија за културата на Македонија, Зеницата на Македонија. Автор е на два учебника по литература за средното образование.

Член е на ДПМ и Македонскиот ПЕН центар и дописен член на МАНУ.

За своето книжевно творештво, Андоновски е добитник на наградите:

  • Прва награда за роман на „Зумпрес“ (за „Азбука за непослушните“, 1994)
  • Роман на годината на „Утрински весник“ (за „Папокот на светот“, 2000 г.)
  • Наградата „Балканика“ (за „Папокот на светот“, 2000)
  • Најдобар драмски текст на МТФ „Војдан Чернодрински“, 2009
  • „Петар Кочиќ“ за „Вештица“, 2011
  • „Стале Попов“ (за „Ќерката на математичарот“, 2013)
  • Руската меѓународна награда „Југра“ (за „Папокот на светот“, 2014)
  • „Рациново признание“ (за „Припитомување на кучката“, 2019)
  • „Ванчо Николески“ (за „Имаш пчела на носот: роман за њутајмер и олдтајмер тинејџери“, 2021).
Види повеќе