Катерина Шошко е родена на 3 септември 1986 година во Скопје. Во 2008 дипломирала на Правниот факултет „Јустинијан Први“ на насоката Политички науки, а во 2013 магистрирала на истиот факултет, на насоката Применета политика.
Од 2011 година пишува за домашни електронски медиуми, а во моментов работи како СЕО контент писател.
Авторка е на криминално-психолошкиот трилер „Крвава месечина“ (2016), кој во 2017 година ја добри наградата „Македоника“ за книга на месецот. „Случајот Чернобог“ е нејзина втора објавена книга.
Веб страницата користи колачиња за да ви овозможиме најдобро можно корисничко искуство. Со продолжување на користењето на нашата интернет страница ја прифаќате употребата на колачиња (cookies).
Се согласувам