Марија Јаневска (родена на 29 август 1992 во Скопје), фармацевт по професија, е македонски блогерист, колумнист и автор на кратки текстови и новели.
На јавната книжевна сцена излегува во летото 2012 година, преку својот блог „Белешките на Лајла Грејс“, по што за кратко време псевдонимот Лајла Грејс доживува голема популарност.
Нејзините текстови се препознатливи по скриените пораки што ги носат во себе, по живот и разговорлив јазик, како и по силните чувства во кратките приказни во кои може да се пронајде секој од нас. Тие несомнено се инспирирани од нејзиниот живот, но сепак настаните што ги раскажуваат се вметнати во туѓи приказни.
„Белешките на Лајла Грејс“ е нејзината прва книга.
Веб страницата користи колачиња за да ви овозможиме најдобро можно корисничко искуство. Со продолжување на користењето на нашата интернет страница ја прифаќате употребата на колачиња (cookies).
Се согласувам