Кристен Хелмстетер е авторка на неколку бестселери за животен стил и кулинарство, најпозната по техниката за кафе-муабет со себеси. Под псевдонимот Бриса Стар објавува и романси: „Браќата Јанг“, серија од четири романи, потоа „Слатко како колаче“, „Неговата тајна“, „Спаси ме“, „Заклучена љубов“ и др.
Во 2018 година продава сѐ и една година патуваат низ светот Моментално живеат во средновековен град на врвот на еден рид во Умбрија, Италија. Свекор ѝ Шед Хелмстетер има голема улога во нејзиниот живот и кариерата. Во 80-тите години тој станува зачетник на саморазговорот со својата книга „Што да кажете кога зборувате со себе“, која ѝ помага на Кристен да го пронајде својот пат и својата сродна душа. Оттогаш почнува нејзината мисија да го создаде животот од соништата и да ги научи и другите преку моќта на мислите и позитивните афирмации да станат творци на животот што го посакуваат.
Веб страницата користи колачиња за да ви овозможиме најдобро можно корисничко искуство. Со продолжување на користењето на нашата интернет страница ја прифаќате употребата на колачиња (cookies).
Се согласувам