×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.





Кристи Тејт


Кристи Тејт е современа американска писателка, есеистка и адвокатка.

Живее и работи во Чикаго. Мемоарите Група – како еден психотерапевт и круг од непознати ми го спасија животот е првата нејзина објавена книга што наиде на многу позитивни реакции низ светот.

Свои куси ракописи има објавувано во Њујорк тајмс, Рампус, Вашингтон пост, Чикаго трибјун, Мексвини интернет тенденси, Истерн ајова ривју итн. Нејзиниот есеј Ветени земји победи на натпреварот за документаристика на Њу Охајо ривју  и беше објавен во есента 2019 година.

Во октомври 2020 година нејзините мемоари Група беа избрани за најчитана книга на читачкиот клуб на Рис и беа бестселер според Њујорк тајмс.

Книгата не само што ја направи популарна туку е и своевиден многу корисен прирачник за секој човек што се соочува со тешки ситуации, а не се осмелува да побара стручна помош. Преку искуството со својот психотерапевт, Кристи Тејт им докажува на луѓето дека секој човек со вистинската група луѓе околу себе може да ги надмине проблемите, да ги оствари своите соништа и да биде среќен.