Тина Пејн Брајсон, доктор на науки, работи како психотерапевт во Соработниците за педијатриска и адолесцентска психологија во Аркадија, Калифорнија, каде што работи со деца и адолесценти, но држи и советувања со родители. Освен пишувањето и предавањата за родители, едукатори и професионалци, таа работи и како директор за родителска едукација и развој при Институтот за свесност, со фокус на разбирање на односите во контекст на мозокот во развој. Д-р Брајсон ја одбранила дисертацијата на Универзитетот на Јужна Калифорнија, каде што нејзиното истражување се занимавало со науката за приврзување, теоријата за воспитување деца и новопојавеното поле на меѓуличносна невробиологија. Живее во близина на Лос Анџелес со сопругот и трите деца. За повеќе информации за нејзината работа и родителски ресурси, ве молиме посетете ја tinabryson.com.
Веб страницата користи колачиња за да ви овозможиме најдобро можно корисничко искуство. Со продолжување на користењето на нашата интернет страница ја прифаќате употребата на колачиња (cookies).
Се согласувам