×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.





Џон Бојн


Џон Бојн е роден во Даблин, Ирска, во 1971 година. Автор е на шеснаесет романи за возрасни, шест романи за деца и млади, две новели и една збирка раскази. Веројатно е најпознат по својот најнаградуван роман Момчето во пижами на риги од 2006 година, продаден во над 6 милиони примероци низ светот и филмуван во 2008 година. Другите романи на Џон Бојн, особено Апсолутистот и Историја на осаменоста, се исто така наградувани и се меѓународни бестселери.

Дипломирал англиски јазик на Колеџот Тринити во 1993 г. Магистрирал на Универзитетот на Источна Англија, кој во 2015 година го прогласил за почесен доктор по книжевност.

Трипати ја има добиено Литературната награда на Ирска, како и неколку меѓународни награди, и вклучен е во Холот на славните Хенеси, добитници на ирските литературни награди. Неговите романи се преведени на 50 светски јазици. Во 2015 година Џон Бојн претседаваше со комисијата за Наградата Гилер – Канада, најпрестижната канадска книжевна награда што им се доделува само на канадски автори.

Романот Невидливите бесови на срцето е неговиот најамбициозен роман.

www.johnboyne.com

@john_boyne