Ели Пујовска, родена во 1971 година, е професионален книжевен преведувач од холандски и фламански јазик, со над шеесет преведени дела на македонски јазик. Таа е и уредник на Издавачката куќа АНКХ, со над петнаесетгодишно професионално искуство како акредитиран преведувач во Холандската фондација за книжевност Nederlands Letterenfonds. Добитник е на наградата Златно перо за најдобар превод на годината за книгата Розата и вепарот од Ане Провоуст – дело инспирирано од оригиналната верзија на Убавицата и ѕверот на Џанфреско Страпарола од 16 век, базирана според книга од француската авторка Жан-Мари Лепренс де Бомон објавена во 1756 година.
Била член на комисијата ВАВИЛОН – награда за најдобар млад преведувач (2018). Учествувала во голем број проекти за книжевен превод реализирани со поддршка на програмата Креативна Европа на Европската Унија.
Нејзини преводи објавени во Издавачки центар ТРИ се „Желбата на ежот“ и „Градината на китот“ од Тон Телеген, романите „Вечера“ од Херман Кох и „Горе е тивко“ од Гербранд Бакер.
Веб страницата користи колачиња за да ви овозможиме најдобро можно корисничко искуство. Со продолжување на користењето на нашата интернет страница ја прифаќате употребата на колачиња (cookies).
Се согласувам