×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.




Од работ на ништотноста

Од работ на ништотноста

Корине Дејвис


Издавач: ТРИ
Повез: Мек повез
Јазик: Македонски
Број на страни: 390
Година на издавање: 2024
Димензија: 14 x 20.5 cm
Автор: Корине Дејвис
ISBN: 9786082309941
Жанр: Научна фантастика
Провери достапност во продавниците
Достапност во продавниците
Книжарница ТРИ ГТЦ Достапно
Книжарница ТРИ Ист Гејт Достапно
Книжарница ТРИ Дебар Маало Достапно
Книжарница ТРИ Веро Центар Достапно
500 ден.

Вреди ли иднината во која не се присутни саканите луѓе?

Воопшто не е едноставно да се напушти познатиот живот, сето она што си го создавал до кобниот ден – кога Земјата е погодена од комета. Денис, нејзината сестра Ирис и мајка им успеваат да добијат место во едно привремено засолниште во близина на Амстердам. Но додека времето до експлозијата неумоливо се приближува, Ирис никаде ја нема, а мајката не може да се раздели од домот. Дениз е веќе сигурна дека нема да стигнат до засолништето навреме…

 Сепак, една неочекувана средба на пустите улици ги води до подобро решение: огромен вселенски брод што треба да ја напушти Земјата и да колонизира нови светови по ударот на кометата. Но за да остане во него, секој патник мора да има некаква практична вештина за да придонесе за животот на заедницата. Дениз е аутистична и се плаши дека нема да ѝ биде дозволено да остане, мајка ѝ има проблем со одвикнување од дрога, а сестра ѝ се здружува со отпадниците сакајќи да им помогне да преживеат. Дали ќе ги откријат? Дали сепак ќе можат да останат пред бродот да полета?

Кога е во прашање иднината на човечката раса, чии животи се најважни?

Корине Дејвис

Корине Дејвис

Корине Дејвис е современа холандска авторка на научна фантастика, а објавува и дела за деца и млади, како и раскази. Родена е на 28 април 1989 година, во Амстердам.

Досега ги има објавено „Разврзани“ (2014), „На работ на ништотноста“ (2016) и „Уметноста за спасување на светот“ (2020). Сите романи го имаат привлечено вниманието на критичарите, што подразбира и многу напишани осврти за нејзините книги, појавување на светските топ-листи и освојување награди. „Киркус“ уште по објавувањето на романот „На работ на ништотноста“ го прогласи за прекрасно деби, а „Паблишерс викли“ го нарече „возбудлив апокалиптичен трилер со неизмерна длабочина“.

Во моментов работи на својот нов роман што треба да излезе во текот на 2024 година. Како авторка се потпишува и во „Чувари на галаксијата“: „Собери ги сите“ (2017) како дел од серијалот графички новели на „Марвел“.

Хоби ѝ е сликањето, а најчесто работи црно-бели портрети од јаглен. Во последно време во нејзините цртежи најмногу се појавуваат ликовите од самите романи. Ги обожава суперхероите, стриповите и видеоигрите.

Корине Дејвис има свој значаен придонес во заложбите за луѓето со попреченост. И самата таа е аутистична и често некои од нејзините ликови имаат одредена форма на аутизам. Таа е една од основачите и уредници на веб-страницата „Попреченоста во литературата за деца“, чија цел е преку статии, рецензии, критики и дискусии од луѓе кои се идентификуваат со некаква попреченост, да се докаже спротивното од вообичаеното мислење – дека и со попреченост може нормално да се живее.

Иако е родена и долго време живеела во Амстердам, денес живее во мало село јужно од Амстердам, со нејзиното момче и со две фантастични мачиња. 

Види повеќе