×

Кошничка

Вашата кошничка е празна.





Корине Дејвис


Корине Дејвис е современа холандска авторка на научна фантастика, а објавува и дела за деца и млади, како и раскази. Родена е на 28 април 1989 година, во Амстердам.

Досега ги има објавено „Разврзани“ (2014), „На работ на ништотноста“ (2016) и „Уметноста за спасување на светот“ (2020). Сите романи го имаат привлечено вниманието на критичарите, што подразбира и многу напишани осврти за нејзините книги, појавување на светските топ-листи и освојување награди. „Киркус“ уште по објавувањето на романот „На работ на ништотноста“ го прогласи за прекрасно деби, а „Паблишерс викли“ го нарече „возбудлив апокалиптичен трилер со неизмерна длабочина“.

Во моментов работи на својот нов роман што треба да излезе во текот на 2024 година. Како авторка се потпишува и во „Чувари на галаксијата“: „Собери ги сите“ (2017) како дел од серијалот графички новели на „Марвел“.

Хоби ѝ е сликањето, а најчесто работи црно-бели портрети од јаглен. Во последно време во нејзините цртежи најмногу се појавуваат ликовите од самите романи. Ги обожава суперхероите, стриповите и видеоигрите.

Корине Дејвис има свој значаен придонес во заложбите за луѓето со попреченост. И самата таа е аутистична и често некои од нејзините ликови имаат одредена форма на аутизам. Таа е една од основачите и уредници на веб-страницата „Попреченоста во литературата за деца“, чија цел е преку статии, рецензии, критики и дискусии од луѓе кои се идентификуваат со некаква попреченост, да се докаже спротивното од вообичаеното мислење – дека и со попреченост може нормално да се живее.

Иако е родена и долго време живеела во Амстердам, денес живее во мало село јужно од Амстердам, со нејзиното момче и со две фантастични мачиња.